еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Болницата во Штип му испратила опомена за тужба на пожарникар кој се повреди при гаснење на пожарите на Истокот, за лекување во износ од 1.250 денари

Клиничката болница во Штип, му испратила опомена за тужба на пожарникарот Александар Ѓоргиевски, за неплатено лекување во износ од 1.250 денари.

Ѓорѓиевски се повреди при гаснењето на пожарите на Истокот, и беше згрижен во болница.

„На 30.07.2024 година работно за влакно не го загубив животот работејки си ја својата пожарникарска работа кога беснееја пожарите во Горно Трогерци, штипско ми се случи немил настан и бев примен на интезивна нега каде ми е беше пружена помош од околу три часа за што јавно се заблагодарив на целиот медицински пераснал и сам си побарав да бидам пуштен со мој потпис, бидејки околу мене имаше тешки пациенти, а јас веќе се чуствував многу подобро и благодарение на медицинските лица, Далибор Ѓоргиев и моите колеги тој ден имав среќа да спасам жива глава и да си бидам денес покрај најблиските.

Наредниот ден веднаш се ставив на располагање на ТППЕ Штип на мојата единица, нити сакав да земам боледување, нити барав било што, бев контактиран од Општина Штип чесно достоинствено и на нив им соопштив дека сум добро се јавив и на мојот командир и го информирав дека ќе си одам на работа, иако сите ми посочуваа и велеа да си седам дома и дека треба да одмарам неколку дена. Јас тоа го одбив и си отидов на работа ко ништо да не се случило.

Од кога ме пуштија од болницата прво им се заблагодарив на персоналот за професионалниот однос на вработените на интезивна, потоа си прашав да не треба да се плати нешто на што ми одговорија „Ацка терај си дома и одмарај си“ по што си заминав во придружба на близок член од мојата фамилија и после месец дена ми стига опомена пред тужба. За 1.250 денари сум останал должен на Клиничка Болница Штип, без тоа да го знам. Не ми е јасно само една работа и не можам да сфатам кој требаше да ме информира дека јас имам долг кон болницата и зошто тоа не ми беше потенцирано од било кој во истата кога ме пуштија тој ден да си одам дома .

На менаџментот на Клиничка Болница Штип јавно се обраќам со добра намера не е само опомени пред тужба да праќате луѓе. 1.250 денари не се проблемот. Проблем е тоа што никој од вас не ме информираше дека јас сум должен кон вас. Требаше ли некој да ме информира, еве одговорете ми ги имавте сите податоци од мене. Толку ли тешко ќе му беше на некој од вашите служби, вработен, да ме само информира усно, телефонски, на било кој начин

Јас писмото денес го примив и уште се чудам како еден месец немаше кој да ме информира дека имам долг кон Болницата. Коректно ли е опомени пред тужба да ми праќате на домашна адреса за нешто за што сте требале да ме информирате и истиот ден кога сте ме пуштиле од болница ќе си било платено. Бидете живи и здрави. Утре ќе ви се плати долгот, а уплатницата јавно ќе ја објавам да бидете спокојни,“ пишува Ѓоргиевски на Фејсбук.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пановски за поканата на Сали на Фејсбук: Нормално на ваков начин секако не прифаќам

Редакција

Фатиме Фетаи по мејл ја повлекла својата кандидатура за шеф на Вишото јавно обвинителство-Скопје

Редакција

Од Ковид-19 починаа две лица од Тетово

Редакција