еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Бонева ослободена за „Друмарина“, случајот за патните трошоци

Поранешната пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ, Силвана Бонева доби ослободителна пресуда за случајот „Друмарина”, поврзан со користењето на патни трошоци, информираа ос Кривичниот суд Скопје.

„Според првостепната, неправосилна, пресуда, Судот утврди дека јавниот обвинител, надвор од разумно сомнение, не го докажа делото кое и се става на товар на обвинетата, а во однос на оштетното побарување на РСМ, застапникот го упати на спор“, соопштија од Кривичниот суд.

Воедно судот, постапувајќи по службена должност, а по сила на законот, донесе решение со кое се укинува времената мерка – Забрана за отуѓување и ставање под хипотека на недвижен имот на име на обвинетата и нејзиното семејство.

Бонева, според обвинителството се гонеше бидејќи во периодот од 1 јануари 2011 до 16. декември 2015 година, како службено лице – пратеник во Собранието на Република Македонија, „со намера за себе да прибави имотна корист, сторила повеќе временски поврзани дејствија што претставуваат повеќекратно повторување на исто кривично дело – измама“.

Во однос на овој случај, од Обвинителство своевремено информираа дека „таа до службите во Собранието поднесувала лажни фискални сметки од патарини, како да остварила 904 патувања заради присуство на седници, со што го довела во заблуда овластеното лице да изврши незаконита исплата на средства за патни трошоци во вкупен износ од 6.458.551 денари (над 100.000 евра).

Од почетокот на 2011 година обвинетата имала сместување – станови во Скопје и не патувала за присуство на секоја седница на Собранието, а лажните фискални сметки биле обезбедени од други лица кои патувале од Струмица и обратно. Потоа обвинетата овие фискални сметки ги приложувала кон налозите за службени патувања.“

Фото: Бонева/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во септември раст на каматната стапка на депозитите, пад на стапката на кредитите

Редакција

Ахмети за реакцијата на американската Амбасада дека изборот на Абази е збунувачки, вели дека била принципиелна

Редакција

Тестирање со брзи антигенски тестови за Ковид-19 од денеска на шест пункта во Скопје

Редакција