еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Во затвор почина Алексеј Навални, руски опозиционер и голем критичар на Путин

Руската затворска управа соопшти дека рускиот опозиционер и критичар на рускиот претседател Владимир Путин, Алексеј Навални починал во затвор.

Како што наведуваат службите, Навални после прошетка се почувствувал лошо и изгубил свест, а веднаш била повикана екипа на Итна медицинска помош.

„Беа направени сите потребни реанимации, но не дадоа позитивни резултати. Лекарите констатираа смрт, а причините се утврдуваат,“ се вели во соопштението.

Навални беше уапсен во 2021 година по враќањето од Германија, каде што се лекуваше од труење, кое според европските лаборатории било предизвикано од советскиот нервен отров, новичок.

Во март 2022 година, Навални доби деветгодишна затворска казна, која тој ја отфрли како политички мотивирано обвинение.

Фото: Навални/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пандемијата од корона вирусот зема замав, во изолација речиси две милијарди луѓе

Редакција

Слаб интерес: Обезбедена конвалесцентна плазма за третман на само 31 пациент со Ковид-19

Редакција

Иницијативата е во согласност со Законот, Џафери нема основ да ја отфрли, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Редакција