еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Иницијативата е во согласност со Законот, Џафери нема основ да ја отфрли, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Иницијативата за распишување референдум што ја поднесе ВМРО-ДПМНЕ не е противуставна. Претседателот на Собранието, Талат Џафери ниту има право да ја толкува, бидејќи тоа е надлженост на Уставниот суд, ниту пак има основ да ја отфрли, вели Дафина Стојановска член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник во Собранието.

Со иницијативата, нагласува таа, не се бара менување на Меѓународен договор, туку престанок на неговата важност.

-Референдум за поништување на Законот за ратификација на Договорот со Бугарија е во согласност со членот 24 од Законот за референдум и не е во спротивност со Уставот.

Членот 24 од овој закон овозможува да се прави референдум и за меѓународни договори. ВМРО-ДПМНЕ има референдумско прашање со кое не ја менува содржината на Договорот, туку го спори Законот за ратификација со кој тој се прогласува за важечки, рече таа на прес-конференција.

На ваков начин, со одлуката да се одбие иницијативата, нагласи таа, власта прави правни гимнастики за да избегне народ и да го избечне неговиот став за договорот.

-Тие бегаат од соочување со народот затоа што се свесни за две работи. Прво знаат дека ќе има излезност и второ знаат дека народот е против договорот кој е извор на асимилацијата која СДС и Ковачевски ја спроведуваат, рече Стојановска.

Според неа, спорен е и фактот што претседателот на Собранието Талат Џафери, како што нагласи, противправно си ја доделил улога на уставен судија.

–Толкување на устав е работа единствено на Уставниот суд. Нема друг случај во светот каде претседател на Собрание толкува устав затоа што тоа единствено е во надлежност на Уставниот суд, рече Стојановска

Според неа, ваквата одлука на власта, само дополнително ќе ги заостри односите во Собранието и ќе ги зголеми поделбите. За сето ова, нагласи, единствено одговорна ќе биде власта.

Во однос на тоа дали ќе поднесат нова иницијатива, Стојановска вели оти тоа би го направиле ако имало правни и технички забелешки, што не е случај.

-Во случајов тие покажуваат класично би рекла основно правно непознавање, иако Талат Џафери вечерва се стави во улога на уставен судија па ја толкува уставноста и само би можела да додадам дека тука не се работи за она што Талат Џафери дека ние предлагаме да се менува меѓународен договор.

Референдумското прашање е поднесено со нашата иницијатива и тоа гласи дали сме за престанок на важењето на ратификуваниот договор, што има голем разлика – договор во Собрание има важност за закон, а за закон надлежно е Собранието, вели таа.

Со иницијативата, додаде Стојановска, само се докажало оти власта се плаши од волјата на граѓаните.

-Доколку не се плашеа, доколку се сомневаа во способноста, подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ, јас не гледам причина зошто би го одбиле ова референдумско прашање кое апсолутно не е во спротивност, ниту на Законот за референдум ниту во спротивно на Устав, туку едноставно се работи за како што веќе кажав страв од јавно изразена слободна волја на граѓаните на Република Македонија, истакна на прес-конференцијата Стојановска.

Претседателот на Собранието Талат Џафери ја одби иницијативата со образложение дека не е уставна и оти согласно Уставот не може меѓународен договор да се укинува со закон.

-Меѓународните договори што се ратификувани во согласност со Уставот се дел од внатрешниот правен поредок и не можат да се менуваат со закон, му одговори претседателот на Собранието, Талат Џафери на овластениот предлагач, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

СДСМ ја поддржа одлуката на Џафери да ја одбие иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ за распишување референдум поради тоа што, како што велат од партијата, е неуставна, бидејќи согласно Уставот меѓународен договор не може да се поништи со закон.

Договорот, нагласија од СДСМ, може да го раскине само тој што го потпишал, во случајот Владата, а тоа да ја извести другата страна. Ако ВМРО-ДПМНЕ победи на избори и формира Влада, тогаш може да го раскине Договорот.

ВМРО-ДПМНЕ на 9 септември ја достави иницијативата до Собранието за одржување референдум за поништување на Договорот со Бугарија. Тогаш координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски информира дека ги собрале потребните потписи за поднесување на иницијативата.

Претходно, на 5 септември, Извршниот комитет на ВМРО – ДПМНЕ го усвои референдумското прашање „Дали сте за напуштање на важноста на Законот за ратификација за Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Македонија и Бугарија објавен во Службен весник од 18.01.2017?“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Џафери ја одби иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ за референдум

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Поради измените на КЗ никој нема да одговара за прислушувањето, трошоците и за тие што прислушувале и за прислушуваните ќе ги платат граѓаните, вели Ристовска

Редакција

Да се укинат привилегиите на поранешните претседатели, бараат од Демократски сојуз

Редакција

Каков имот пријавил Илир Хасани, заменик министерот за здравство

Редакција