еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

АРМ објави оглас за прием на 200 професионални војници

Министерството за одбрана денеска го објави Јавниот оглас за прием на 200 професионални војници на служба во Армијата на Македонија.

Рокот за пријавување на кандидатите е 15 дена, вклучувајќи го и денот на објава.

– Согласно новите законски измени за служба во Армијата, идните професионални војници од моментот на склучување на договор ќе земаат почетна плата над 25.000,00 денари со дополнителни над 9.000,00 денари – средства за станбено обезбедување од 01.01.2023 година, појаснуваат од МО.

Условите за пријавување на лицата на јавниот оглас се да се државјани на Македонија, да се полнолетни, да имаат завршено најмалку средно образование, да не се постари од 25 години на денот на завршување на огласот за прием и да се здравствено и физички способни.

Кандидатите за професионални војници својата пријавата може да ја поднесат по електронски пат заедно со потребните документи на следниот е-маил: [email protected] и до Одделенијата за одбрана во или блиску до местото на живеење, заедно со потребните документи.

Како што информираат од МО, во постапката за избор, кандидатите за професионални војници ќе подлежат на тестови за физичка подготвеност и на здравствени прегледи спроведени од посебни комисии.

Фото: АРМ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од грип починала 20-годишна девојка

Редакција

Онлајнмедиа: Главна цел на измените на Законот за медиуми треба да биде законската регулација на интернет порталите

Редакција

(Фото) „Да не го гори јорганот, за неколку болви“: Порака од „Огнената група“ на ДУИ до Ахмети

Редакција