еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Разрешена директорката на детската клиника „Козле„ Каролина Симоновска, нова директорка е Катерина Бошковска

Од Министерството за здравство информираа дека е разрешена в.д. директорката на Универзитетската клиника за респираторни заболувања кај децата “Козле“ Скопје, Каролина Симоновска.

Нова директорка е проф. д-р Катерина Бошковска, која, како што велаат од Министерството, над дваесет години е дел од тимот на оваа установа.

Бошковска е супспецијалист по педијатриска пулмологија.

Разрешување на Симоновска минатата недела побара Лекарскиот колегиум на Клиниката, откако таа ѝ дала отказ на докторката Веселинка Митровска-Јосифова, ОРЛ-специјалист и бронхоскопист.

Од Колегиумот побараа да се стави крај, како што порачаа од таму, на нејзиното самоволие, нарушените човечки односи и порачаа дека таа ја дискредитира Клиниката.

Таа пак од медиумите побара да не го објавуваат нејзиното име, на што регираа здруженијата на новинарите, по што следеше и нејзиното разрешување.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вкупно до сега 5.151: Починаа 16 лица од Ковид-19

Редакција

МОСТ: Вториот круг на изборите помина во фер и демократска атмосфера

Редакција

Адора инженеринг на јавна лицитација за 9,3 милиони евра го купи имотот на Топлификација АД во стечај 

Редакција