еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

Ванчо Чифлиганец доби признание за животно дело од Општина Радовиш

На свечената академија по повод 80 годишниот јубилеј од ослободувањето на Радовиш, синоќа проф. д-р Ванчо Чифлиганец го доби највисокото признание, 6-то ноемвриската плакета за животно дело.

Во образложението на одлуката на Општина Радовиш стои дека името на Ванчо Чифлиганец го красат многу титули, професор, доктор, филантроп, дека неговата биографија е долга и богата. Дека е човек кому сè му оди од рака во професионалниот и приватниот живот, но и дека тој никогаш не го заборава родниот крај и своето огниште, од каде одамна излегол, носејќи го својот Радовиш во срцето, поддржувајќи го во неговите „шампионски“ потфати.

Признанието за животно дело, на Чифлиганец му е доделено за неговиот значаен придонес во унапредувањето на економијата, стандардот, спортот и социјалниот живот во Радовиш, во времето на директорувањето со некогашниот рудник „Бучим“, во неговата златна деценија, кога работниците меѓу другото, добивале 13-та плата. За развојот на регионот на Радовиш, Чифлиганец доста помогнал и како активен пратеник во два мандати во Собранието на Македонија.

За неговиот придонес како спортски работник , кому спортот му е во душата, а борењето пасија, говорат европската и светската шампионска титула на Борачкиот клуб „Бучим Јака“, ненадминат спортски успех досега во Македонија.

Комисијата за доделување на 6-то ноемвриските признанија, го потенцира и деловниот успех на Чифлиганец со неговата градежна компанија Адора инженеринг, која 22 години континуирано се развива и унапредува, ширејќи го бизнисот  во повеќе економски сфери и географски подрачја, прераснувајќи во потврдено успешен, препознатлив бренд Адора Бизнис Групација, со интернационално реноме.

Проф. д-р Ванчо Чифлиганец, кој во очите на радовишани е човек, што и натаму неуморно создава, работи и има визии кои секогаш се остваруваат, по врачувањето на наградата за животно дело се заблагодари за укажаната чест со признанието, како и за радоста, љубовта и инспирацијата што му ги даваат неговите радовишани.

Чифлиганец, еден од најуспешните Македонци родум од Радовиш, кој изминатите 40-тина години има реализирано голем број хумани и општествено одговорни проекти за поддршка на радовишани, заедницата и општеството, продолжува и натаму со својата економска и филантропска мисија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Битолчанец ја пријавил сопругата дека го силувала малолетниот син

Редакција

Прилепчанецот што почина од корона вирусот имал контакт со потврден случај

Редакција

Од утре нестабилно време со повремен дожд, грмежи и град

Редакција