еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Васил Јованов сакаат да го претстават како да се шекнал од болка, вели Тодор Кулаков, таткото на Фросина

Таткото на Фросина Кулакова, Тодор Кулаков во гостување во Тема на денот на ТВ Сител, рече дека последното сознание кое стигнало до нив, е дека сакаат Васил Јованов, кој ја усмрти неговата ќерка, да го претстават како да се шекнал од болка и да го префрлат во некоја друга институција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Таткото на Фросина Кулакова раскажа што се случувало дентата кога ја загуби ќерката

-Она што особено ни паѓа тешко кога нашата ќерка така еднаш свирепо е убиена, веројатно поради тоа што таков како што ни е системот, ќе треба уште стопати таа да умира и ние со неа.

Последно сознание кое што стигна до нас е дека сакаат таквиот монструм да го претстават дека е шекнат од болка, а тоа е бидејќи им ги земаат телефоните, не можат да комуницираат, па сакаат да го префрлат во некоја друга институција, како на пример лудница каде ќе може слободно да комуницираат, рече тој.

На прашањето дали родителите на Јованов им изразиле сочувство и дали стапиле во контакт со нив, рече дека затоа бараат правда и одговорност и од нив.

-Тука се гледа дека нема покајание и нема човечност. Се гледа реално со што ние како општество секојдневно се соочуваме. Вакви луѓе наместо да се соочат со криминал, тие одат понатаму и плаќаат за телефон во притвор на нивниот син, рече тој, посочувајќи дека неговите родители треба да одговараат како јасни соучесници, во ова, како што рече, убиство што го прикриваат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Постапката проширена и за родителите на Васил Јованов, кој ја усмрти Фросина Кулакова, откри Бубевски

Најави и нови протести пред сите институции.

-Нѐ чека голема битка и нашиот одговор заедно со јавноста ќе биде уште помасовен и посилен. Протести ќе има уште поголеми, ќе ги приклучиме сите од цела Македонија. Ќе се организираме пред сите институции, од сабајле до вечер ќе стоиме, рече тој и порача дека семејството ќе бара максимална казна – доживотен затвор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Петиција за доживотен затвор за Васил Јованов, кој ја усмрти Фросина, досега ја потпишале над 21. илјада граѓани

-Не е само тоа дело. Кога ќе се земе кумулативно, и преку 40 години казна доаѓаат. Доживотен затвор, такво нешто заслужува некој што немал право да го вози автомобилот без возачка дозвола, преминувал на црвено, возел под дејство на алкохол, со трипати поголема брзина од дозволената.

Ние ги живееме последиците од тоа. Ниту тој, ниту родителите немаат зрно каење, туку само гледаат како и овој пат да се заврши работата, рече тој и најави дека ќе побара експертиза и од Машинскиот факултет и од други независни тела.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Нашите планови ги срушија за миг“: Емотивна објава на момчето на Фросина Кулакова

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кои се носителите на листите на ВМРО-ДПМНЕ за парламентарните избори

Редакција

Каракачанов со „воспитна“ до Заев: Злоупотребата на македонскиот јазик може да ве чини членство во НАТО и ЕУ

Редакција

(Фото) Вицепремиерот Османи доброволно се пријавил да помага како лекар

Редакција