Премиерот Христијан Мицкоски ја предводи македонската делегација која од вчера е во посета на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ).
Тој оствари средба со претседателот на ОАЕ и владетел на Абу Даби, Н. В. Шеикот Мухамед Бин Зајед Ал-Нахјан, на чија покана и се реализира оваа посета.
Со делегацијата во која се министер за транспорт Александар Николоски, министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, генералниот секретар на Влада, Игор Јанушев, директорот на Дирекцијата за ТИРЗ, Гоце Димовски, националниот координатор за туризам, Аккан Махмут и претставници на неколку државни институции, ја посети и величествената „Џамија Шеик Зајед“ во Абу Даби, архитектонско ремек-дело изградено од бел мермер, симбол на духовноста, толеранцијата и единството.
Целта на посетата е како што информираше тој на Фејсбук, зајакнување на билатералната соработка и разгледување на можности за инвестиции во инфраструктура, агро-бизнис, обновливи извори на енергија, туризам, иновации и нови технологии.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
На покана на Шеикот, делегација предводена од Мицкоски во посета на Обединети Арапски Емирати
Фото/видео: Влада