еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Видео) Евроамбасадорот Дејвид стана Ричард Гир, гаф на министерот Муртезани

Новиот министер за европски прашања Орхан Муртезани вчера ја имаше првата средба со евроамбасадорот Дејвид Гир, по која имаа прес-конференција.

Гир повтори дека не гледа можност за промена на преговорачката рамка за Македонија, а Муртезани рече дека уставните измени кои се условот земјава да ги почне преговорите со Европската Унија, секако дека ќе се случат, меѓутоа тоа треба да биде во рамки на инклузивен процес во кој ќе има широк национален консензус.

На пресот се случи и гаф. Муртезани зборувајќи за евроамбасадорот наместо Дејвид го нарече Ричард Гир, познат американски актер.

За гафот на Фејсбук се пошегува и самиот Муртезани кој покрај видеото од пресот напиша „ова се случува кога си обожавател на Ричард Гир„..

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е Орхан Муртезани, кандидат за министер за европски прашања

Видео: ТВ 21/Фото: Фејсбук/Муртезани

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Иванов: Ниту е побарана, ниту одржана средба со посредник на Миле Јанакиески

Редакција

(Фото) Вандализирана бистата на Вапцаров во Скопје пред отворањето на македонскиот клуб во Бугарија, кој го носи неговото име

Редакција

Саемот на мебел го посетиле 15.000 посетители

Редакција