еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Заев реизбран за претседател на СДСМ

Зоран Заев со 59.240 гласа „за“, 865 „против“ и со 277 неважечки ливчиња е избран за претседател на СДСМ на првите непосредни внатрепартиски избори.

Како што истакнаа од Централната изборна комисија (ЦИК) на СДСМ изборниот ден поминал во најдобар ред, без попречување и согласно утврдените прописи.

На 237 изборачки места од вкупно запишаните 68.991 активни членови гласале 90 отсто, а првичните резултати се за преброени 227 избирачки места.

Според ЦИК, целиот изборен процес е регуларно и успешно завршен, а СДСМ денес спроведе транспарентен демократски внатрепартиски изборен процес согласно сите статутарни одредби и одредбите на Правилникот на сите 237 избирачки места во сите 80 општини во периодот од 8 до 19 часот.

-Согласно бројот, односно процентот на пребројани гласови имајќи ја предвид слободно изразената волја на членовите на првите директни внатрепартиски избори за претседател на СДСМ е избран Зоран Заев.

Денес поставивме нови стандарди во политичкото дејствување, нова пракса во демократските процеси, порачаа од ЦИК на СДСМ и додадоа дека внатрепартиски избори се спроведоа целосно безбедни за здравјето на сите учесници со строго почитување на мерките и препораките за заштита на здравјето.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Што „шмркаат“ Македонците: Кај дилер откриени 10 грама кокаин и 285 грама парацетамол и кофеин

Редакција

Снимка од дрон од разорниот земјотрес во Турција, бројот на загинати се искачи на 31 лице

Редакција

Во Ново Село победи кандидатот на СДСМ Никола Андонов со разлика од 19 гласа

Редакција