Грчкиот остров Санторини, како и што предвидуваа бројни експерти, не престанува да се тресе.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Земјотреси го испразнија Станторини, над 11 илјади лица го напуштија островот
Синоќа, како што јавува дописникот на еМагазин од Солун беше регистриран најсилниот земјотрес до сега од 5,3 степени според Рихтеровата скала.
Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 17 километри.
Од минатиот месец на островот се регистрирани над 12.800 земјотреси, што доведе да илјадници жители и туристи ја напуштат една од најпознатите светски дестинации.
Земјотресот предизвика лизгање на земјиштето, а се уште се очекува посилен земјотрес и според експертите островот ќе продолжи да се тресе.
На островот од пред неколку дена е прогласена и вонредна состојба.
Во 1956 година на Санторини имаше смртоносен земјотрес од 7,7 степени според Меркалиевата скала, најсилен во Грција во 20. век, во кој загинаа 53 лица.
Во меѓувреме на социјалните мрежи се шират и лажни видеа, направени со вештачка интелегенција, кои дополнително ќе влијаат на престојната летна сезона, која овде почнува уште во април.
A fake video allegedly released by Turks to target Santorini's tourism is causing an uproar on social media. Made with artificial intelligence, the clip has sparked significant backlash and protests from users. pic.twitter.com/ZwkzfTBNks
— Greek City Times (@greekcitytimes) February 6, 2025
Да потсетиме дека лани летово градоначалникот на Санторини ги повика жителите да останат дома, бидејќи островот буквално беше преплавен со туристи од целиот свет.
Видео: Х/Firstpost/The Indian Express