еМагазин
Image default
Забава ТОП СТОРИИ

(Видео) Тамара, Just RB & Nikifor направија римејк на „Зови ме Лена“

Песната „Зови ме Лена“ доби римејк верзија од Тамара Тодевска, Just RB и Никифор.

Имено, оваа песна за прв пат беше изведена на последниот избор за песна на Евровизија на Србија 2024 („Беовизија“), во изведба на Лена Ковачевиќ.

Автор на музиката на песната е Дарко Димитров, кој заедно со Роберт Билбилов (Just RB) и Лазар Цветкоски работеа на оригиналната верзија.

„„Зови ме Лена“ доживеа нова, римејк верзија, која го најавува албумот “African Queen”, кој е во процес на подготовка од Just RB и Никифор.Тамара Тодевска како еден од најдобрите женски вокали, со својата енергија и сензибилитет даде нова вредност на песната.

Публиката има можност да слушне музика која е во духот на африканските звуци и култура. Во период на жешко и топло лето, „Зови ме Лена“, дополнително ќе Ве релаксира и ќе Ве потсети на едни поинакви клубски и радиски звуци – многу внимателно селектирани и креирани,“ се вели во соопштението.

Тамара е среќна што на овој римејк работела заедно со нејзините добри пријатели и соработници.

„Работата во студио се одвиваше брзо, во една убава атмосфера и динамика, баш како што е и самата песна односно оваа римејк верзија,“ посочува Тамара.

Во заедничка изјава, Just RB и Никифор го изразија своето задоволство од соработката со Тамара Тодевска и посочија дека интензивно работат на својот нов албум “African Queen”:

„Работиме на еден уникатен музички проект, кој ќе биде еден вид на „патување“ низ африканската музичка култура, микс на традиционалното и модерното во еден неверојатен звук. „Зови ме Лена“ го најавува нашиот албум, кој веруваме дека ќе и се допадне на домашната публика, посочуваат двајцата артисти.

Изведувачката на оригиналната верзија на песната, Лена Ковачевиќ, исто така ја поздрави оваа соработка и се радува што овој римејк ќе придонесе дополнително да „живее“ оваа песна, да освојува нови генерации и простори.“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Куманово „плаче„ за карантин

Редакција

„Розов пикник“ во Градски парк за подигнување на свесноста за борбата против рак на дојка

Редакција

Села: Алијанса на Албанците не е на пазар и не се продава, оди сама на избори

Редакција