еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Винер – Виена Иншуренс Груп се присоедини кон Македонија осигурување – Виена Иншуренс Груп

Македонија осигурување – Виена Иншуренс Груп АД Скопје преку Македонската берза информира за успешното присоединување на Винер – Виена иншуренс груп АД Скопје кон Македонија осигурување – Виена Иншуренс Груп.

„Ова присоединување е стратешки чекор за уште подобра услуга на нашите клиенти, како и нови можности за раст и иновации под единствен бренд – Македонија осигурување АД Скопје – Виена Иншуренс Груп, првата институција за осигурување во Македонија со традиција од безмалку 80 години во дејноста.

Посветени сме на одржување на највисоките стандарди на услуга и како што ги интегрираме нашите операции, ќе продолжиме да обезбедуваме беспрекорна транзиција за нашите клиенти, со непрекината услуга и континуирана посветеност на задоволување на потребите на пазарот за квалитетно осигурување„, вели Бошко Андов, претседател на Управниот одбор и генерален менаџер на Македонија осигурување – Виена Иншуренс Груп, кој во своето обрајќање по повод присоедувањето посочува и:

“Барања на досегашни клиенти на Винер – Виена Иншуренс Груп АД Скопје за веќе дадените услуги, како и барања за идни услуги ќе може да ги реализираат и понатаму преку постојните вработени и продажни агенти кои и досега се лица за контакт, во ребрендираните подружници.

За периодот на важноста на договорите за осигурување, осигурениците на Винер – Виена Иншуренс Груп АД Скопје своите права, обврски и одговорности кои произлегуваат од истите, ќе продолжат непречено да ги остваруваат преку Акционерското друштво за осигурување и реосигурување Македонија АД Скопје – Виена Иншуренс Груп“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонија осигурување Виена Иншуренс Груп со зголемена добивка во првиот квартал

Македонија Осигурување Виена Иншуренс Груп лани со добивка и зголемени приходи

Се спојуваат Винер – Виена Иншуренс Груп и Македонија осигурување Виена Иншуренс Груп

Фото: Македонија осигурување-Виена Иншуренс Груп

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Објавена снимка од безбедносна камера која покажува како Алабаковски го запали бугарскиот клуб во Битола

Редакција

(Галерија) Зимска колекција од SuperDry наменета за вљубениците во скијањето, планината и снегот

Редакција

На светот му се зканува нова опасност од Ковид-19: Сојот „Му“ најверојатно е отпорен на вакцините

Редакција