На вториот ден Велигден, Македонската црковна општина Св.Кирил и Методиј од Дортмунд имаше чест да биде посетена од Неговото Високо преосвештенство митрополитот Европски г. Пимен, информираат од таму за еМагазин.мк.
„Се отслужи света Архиерејска Литургија со која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство г.Пимен и парохискиот свештеник и архиерејски намесник отец Душко Пецов. Верниот народ се причести со светите тајни.
На оваа света богослужба беше обнародена одлуката на Светиот архиерејски синод на, МПЦ-ОА ,со која го одлукува протојерејот Душко Пецов со право на носење на граден крст.
После светата богослужба о.Пимен во разговор со претседателот на Црковната општина Зоран Ташов даде упатства за престојниот фрескопис и внатрешното уредување на храмот,“ се вели во соопштението.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото) Осветна новата македонска православна црква, Св. Кирил и Методиј во Дортмунд
Црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Дортмунд изградена за четири месеци