еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Времето денеска сончево и топло, со температури до 35 степени

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Попладне ќе има услови за ретка појава на пороен дожд и грмежи.

Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 16, а максималната ќе достигне од 30 до 35 степени, а УВ 8.

Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 33 степени.

Во петок попладне и за време на викендот времето ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, на места и во форма на невреме со појава на град.

Во недела дневната температура ќе се намали за неколку степени.

Фото: Град Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Солени мафини кои ги прeпорачуваат македонските кулинарски блогери

Редакција

Пациент со тешка срцева болест доби срце од починат донор

Редакција

Времето денеска облачно со утринска магла по одделни котлини, ќе дува слаб до умерен ветер

Редакција