еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Гаши се молеше во Собрание, нарушена секуларноста на државата

Претседателот на македонското Собрание, Африм Гаши и претставници на бошњачката заедница во земјава денеска при оддавање почит на жртвите од геноцидот во Сребреница се молеа во Собранието.

Овој чин на кој не му е местото во Собрание, предзвика бура од негативни реакции во јавноста, како и од политичките партии.

-Ги почитуваме сите религии и религиозни обреди. Меѓутоа, сакаме да истакнеме дека Собранието не е и не смее да биде место за организирање на било какви религиски обреди, бидејќи Македонија е јасно определена според Уставот како секуларна држава.

Во нашата земја нема место за религиозни ритуали во државните институции, ниту пак, државата има право да се меша во работата на верските заедници.

Во врска со настанот со кој се одбележа геноцидот во Сребреница, каде што еден од учесниците ја злоупотреби поканата и организираше исламска молитва во оваа државна институција, изразуваме најостра осуда, велат од владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

Од таму апелираат да не се политизира туѓата несреќа и да се собираат ситни политички поени врз несреќата на илјадници други луѓе.

-Со оваа постапка не им се оддава почит на жртвите од Сребреница, туку напротив, ова претставува тешка злоупотреба на оваа трагедија заради прибирање на политички поени. Трагедијата од Сребреница треба да биде потсетник за важноста на мирот и почитувањето на човековите права, а не повод за непотребни конфликти и поделби, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

За молитвата во Собранието реагираа и од опозициската СДСМ и ги повика институциите да реагираат.

-На верските обреди не им е местото во македонското Собрание, ниту во било која државна институција. Претседателот на Собранието Африм Гаши, инаку коалициски партнер на ВМРО-ДПМНЕ со овој чекор ја наруши секуларноста на државата, тоа е не почитување на Уставот, се вели во реакцијата на СДСМ.

Фото: Собрание

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Грција ќе добие привремена службена Влада која треба да организира нови избори на 25 јуни

Редакција

Три лица од Албанија илегално влегле во Македонија и се шетале за време на полициски час

Редакција

Пандемијата на коронавирусот долгорочно ќе влијае на менталното здравје, велат од СЗО

Редакција