еМагазин
Image default
Балкан

Групацијата 4iG во партнерство со Ериксон ќе ја развива идната 5G мрежа во Албанија

Групацијата 4iG, водечка ИКТ компанија од Унгарија и од Западен Балкан, влезе во партнерство со компанијата Ериксон за развој на мобилна мрежа со високи перформанси во Албанија, информираат од таму.

Инвестицијата во идната инфраструктурна се базира на обезбедувањето на 5G фреквенции од ОНЕ Албанија, подружница на 4iG.

ОНЕ Албанија e првиот оператор во земјата што лансираше комерцијални 5G услуги на 25. ноември 2024 година во земјата. Новите фреквенции беа купени за 5,4 милиони евра на компетитивна аукција на фреквенции, а сосема новиот 5G пакет ќе биде ставен во целосна употреба со инвестирање во мрежна опрема од Ериксон во следните години.

Овој развој на настаните е во согласност со унгарската напредна инвестициска стратегија на Групацијата 4iG во Албанија и регионот на Западен Балкан.

„Со Ериксон започнуваме уште едно долгорочно патување, којшто е долгогодишен технолошки партнер во Албанија. Групацијата 4iG е регионална компанија за информатичка комуникација со силно присуство во регионот на Западен Балкан.

Албанија е еден од нашите водечки пазари и затоа треба да ги земеме предвид правните и политичките аспекти, кога станува збор за големи стратешки одлуки“, рече Петер Фекете, извршен директор на Групацијата 4iG.

„Овој договор ја истакнува посветеноста на Ериксон за унапредување на 5G иновациите во земјата. Преку имплементација на 5G технологија, ние овозможуваме побрзо, посигурно и одржливо поврзување, поставувајќи ја основата за услугите од следната генерација.

Како што расте побарувачката за мрежа со високи перформанси, нашето партнерство со ОНЕ Албанија, подружница на Групацијата 4iG, ќе ги поддржи потребите што се развиваат и кај потрошувачите и кај бизнисите“, изјави Антонио Пасарела, одговорен за Западен Балкан во Ериксон.

Инвестиција во мрежата изнесува над 50 милиони евра започнува со обезбедување  сеопфатна покриеност со 5G мрежа со висок капацитет низ клучните стратешки области, како што се големите пристаништа и аеродроми, индустриските зони, критичните болнички области во Тирана, како и најпосетуваните крајбрежни локации.

Потоа инвестицијата продолжува со обезбедување средно-појасна 5G покриеност со висок капацитет на сите градови во Албанија до 2028 година, достигнувајќи 85% покриеност на населението до крајот на 2030 година.

Опсегот на договорот помеѓу Групацијата 4iG и Ериксон вклучува мобилен радио пристап и инвестиции во основната мрежа, обезбедувајќи ја најнапредната 5G Stand Alone (5G SA) технологија.

-Благодарение на досегашната соработка со Ериксон и Групацијата 4iG, ОНЕ Албанија е рангирана како најдобра мобилна мрежа врз основа на независни одредници со години.

Вредноста и високиот стандард на инвестициите ја покажуваат долгорочната посветеност на Групацијата 4iG кон земјата и телекомуникацискиот пазар.

Албанската подружница, исто така, ги имплементира иновациите и инвестициите на фиксниот широкопојасен фронт, а во ноември 2024 година лансираше и широкопојасен интернет од 10 Gbit, велат од таму.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бугарија го забрани отварањето на македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“ во Благоевград

Редакција

(ВИДЕО) Српски лекари на бесплатно патување во Египет, во јуни ќе ги носат и во Грција

Редакција

Нова демократија, како влада, ќе преговара за нов договор со Македонија

Редакција