Грчки државјанин починал во казинот во Битола, а неговото тело е предадено на обдукција, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР).
„Лекар од Итна медицинска помош Битола вчера во 18.30 часот во СВР Битола пријавил дека кај нив, од казино во хотел во Битола, бил донесен Н.K. (62), државјанин на Грција, без знаци на живот.
Лекарот констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот ќе биде дадено да се изврши обдукција.
Увид на местото извршила увидната екипа на СВР Битола,“ информира МВР.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.