еМагазин
Image default
Забава ТОП СТОРИИ

Давид Јанев ќе ја претставува Македонија на Светско првенство во друштвена игра Катан, во Штутгард

Давид Јанев е шампион на Македонија за 2025 година во друштвената игра Катан (Catan). Тој ќе нѐ претставува на претсотјното Светско првенство во Штутгарт, Германија (4-6. април).

Давид беше најдобар меѓу 64, стратези кои во неделата (16. февруари) во Лабораториум се натпреваруваа на Државното првенство на Македонија во организација на Гоблин друштвени игри.

Како награда за успехот, покрај пехарот, тој ќе добие и бесплатен авионски лет, сместување и право за настап на најпрестижниот настан на годината во оваа светски популарна друштвена игра.

Катан, или претходно позната како Доселениците на Катан (Settlers of Catan), првпат е издадена во 1995 година, дизајнирана од Германецот Клаус Тојбер. Досега се продадени преку 32 милиони копии на повеќе од 40 јазици во целиот свет.

Оваа стратешка игра, играчите се во улога на доселеници кои се обидуваат да изградат и да ги развијат своите населби преку трговија на ресурси. Играта е официјално преведена и на македонски јазик од страна на единствениот дистрибутер и застапник во земјава, Гоблин.

Промотивна објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Фејсбук-коментари за бегството на Груевски во Будимпешта: „Шефе, јади гулаш, уживај и бери сила“

Редакција

(Галерија) Како изгледа ресторанот “Концепт“, кој доби награда “Фуд вижн“ на Саемот „Винска визија на Отворен Балкан“

Редакција

Три лица ограбиле банка во центарот на Скопје, едно од нив испукало куршум

Редакција