еМагазин
Image default
Забава ТОП СТОРИИ

Дајмонд мол организира Саем на виното и чоколадото по повод празникот на љубовта и виното

Дајмонд мол, омилената дестинација за шопинг и забава во срцето на Скопје, оваа година подготвува незаборавно празнично искуство. По повод Денот на виното и љубовта, во периодот од 13 до 16. февруари 2025 година, посетителите ќе имаат можност да уживаат во Саемот на виното и чоколадото, каде што ќе се спојат врвни вкусови и празнична атмосфера, информираат од таму.

Во соработка со македонски и меѓународни вински и кондиторски брендови, скопјани и нивните гости ќе можат да дегустираат внимателно селектирани вина и слатки деликатеси, создавајќи совршена комбинација за љубителите на добриот вкус.

Како специјален додаток на празничното искуство, ексклузивен гостин на настанот ќе биде реномираниот слаткар Петко Костадинов. Овој мајстор на слаткарството, кој своето знаење го стекнал во најпрестижните европски училишта и освојувал светски награди, ќе сподели дел од своите слаткарски тајни со присутните.

Имено, во сабота (15. февруари) од 12:00 до 14:00 часот ќе се одржи слаткарска работилница со Петко Костадинов, каде што љубителите на слатките ќе можат да научат нови техники и трикови.

Во недела (16. февруари) пак, од 12:00 часот, посетителите ќе бидат сведоци на чоколадно шоу со изработка на џиновско чоколадо, долго 2 метри и широко 80 сантиметри – вистинско ремек-дело на слаткарската уметност.

Овој настан е одлична можност за сите љубители на виното и чоколадото да уживаат во врвни дегустации, ексклузивни работилници и квалитетен шопинг во празнична атмосфера.

Дајмонд мол ги кани сите граѓани да бидат дел од ова уникатно искуство и да го прослават празникот на љубовта и виното на највкусниот можен начин, велат од таму.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Над 85 отсто од вакцинираните, имаат некаков имунитет кон Ковид-19, вели Петличковски

Редакција

Пошта тоне во загуба, ама директорите си ја зголемиле платата за 50%, открива Државна ревизија

Редакција

145 се реинфекции: 1.172 нови случаи на Ковид-19 од 4.021 тестирања

Редакција