еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Над 85 отсто од вакцинираните, имаат некаков имунитет кон Ковид-19, вели Петличковски

Според првичните податоци од истражувањето што го спроведе Комисијата за заразни болести за колективен имунитет, анализираните 920 примероци за Скопје укажуваат на многу солиден имунитет врз основа на вакцинација.

– Над 85 посто од вакцинираните индивидуи имаат некаков имунитет кон Ковид-19. Не можеме да збориме за ефикасноста, но можеме да го детектираме дека постои. Од тие 920, околу 170 индивидуи беа невакцинирани и кај нив се сретнува над 70 проценти серопозитивност, односно и таму имаме солиден просек на имунитет, информира денеска на прес-конференција претседателот на Комисијата за заразни болести, Александар Петличковски.

Овие параметри, посочи тој, ќе ги разгледуваат на следната седница на Комисијата во однос на тоа колку реално би можеле да бидат применети и искористени во насока на олабавување на рестрикциите.

Петличковски вели дека е точно оти човек што има повеќе антитела е подобро заштитен од инфекција и од тежок тек на болеста или смрт, но, како што нагласи, нема бројка која може дефинитивно да гарантира дека некој сигурно ќе биде заштитен.

– Не може да се зборува прецизно, ние може да детектираме позитивен резултат за антитела, има распон на концентрацијата на количината на антитела, и тој распон корелира, колку човек има повеќе антитела навистина е подобро заштитен од инфекцијаи секако од тежок тек на болеста и смрт, но нема бројка која може дефинитивно да гарантира дека некој човек што има концетрација таа и таа, сигурно ќе биде заштитен.

Затоа и овие анализи треба да ги толкуваме така, има или нема имунитет кој може да се детектира со серолошки тест, вели Петличковски.

Тој информира дека денеска разговарале и за подетална проценка за епидемиолошката состојба во државата што се промовира во повеќе западни земји. Најпаметно, вели тој, е да зависи од комбинирани повеќе индикатори.

– На пример, се земаат предвид вакцинираните индивидуи, со две дози, со три дози, се земаат предвид прележаните од ковид по природен пат, исполнетоста на капацитетите, исполнетоста на леглата во интензивна нега, бројот на позитивни, проценотот на позитивни на дневна основа и трендот во неколку недели наназад и од сите тие параметри треба да излезе еден пресек за епидемиолошката состојба во моментот.

Најпрецизна е претставата кога сите параметри се земаат предвид. Ние би сакале да бидеме внимателни, да не избрзуваме со олеснување нагло на сите рестриктивни мерки, рече Петличковски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Комисијата препорачува укинување на ковид-сертификатите за влез во моловите

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За бруто примања на менаџментот на Пекабеско лани потрошени 11,1 милиони денари

Редакција

(Фото) Ѓоргиевска во новогодишно интервју за „еМагазин“: Кога дел од себе ќе дадам на општеството, се чувствувам подобро

Силвана Жежова

Зоолошка градина Скопје- прва институција оспособена за лица со оштетен вид

Редакција