еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Димитровска не поднесува оставка: Комуницирав со семеен пријател, пред да биде обвинет во случајот „Адитив“

Претседателката на Државната комисија за спречуивање на корупција (ДКСК), Татјана Димитровска, со писмо до јавноста, се произнесе за поврзаноста со случајот „Адитив“.

Таа информира дека нејзината комуникација била со семеен пријател, кој подоцна станал обвинет во случајот „Адитив“ и се одвивала во период пред да започне постапка за него пред надлежното Обвинителство.

„Од соопштението од ОЈО за ГОКК се согледува дека нашата комуникација траела до декември 2024 година, или пред да му е изречена мерка притвор по оваа мерка кон него, јас престанувам со комуникација. Содржината на комуникацијата се однесува на разговори без никаква поврзаност со случајот предметот „Адитив“.

Дел од споделените информации се однесуваат на јавни документи чија содржина пред нашата комуникација е објавена во јавност, а останатиот дел е вообичаена пријателска комуникација.

За оваа моја комуникација изразувам жалење и укажувам дека е направена без никаква намера да влијаам на постапката или на било кој аспект на истрагата. Ова го тврдам одговорно,“ додава Димитровска.

Таа нагласува дека како претседател на Државната комисија за спречување на корупција, кредибилитетот и интегритетот на институцијата во никој случај не смее да биде оспорен.

„Принципот на презумпција на невиност, односно секој е невин додека не се докаже спротивното, како и принципот на владеење на правото, потребное да се почитуваат. Останатите шест члена на институцијата која ја претставувам, немаат никаква поврзаност со делото за кое сум осомничена.

Во Државната комисија за спречување на корупцијата во тек е постапка за проверка на имотната состојба на наведено лице. Со електронската распределба предметот не е доделен за постапување кај мене, а согласно утврдените правила немам никаква можност да влијаам врз текот на постапката или врз исходот.

Одлуките на ДКСК се носат колективно, со мнозинство гласови на членовите. Целосно ќе соработувам со надлежните правосудни органи и очекувам брза и транспарентна разрешница на настанот. Мерките на претпазливост ќе ги почитувам во целост

До конечно изјаснување на Обвинителството нема да давам дополнителни јавни изјави, освен ако тоа го наложат околностите, водејќи се од интересот на институционалниот интегритет и транспарентност.

Очекувам до тогаш да се почитува интегритетот на ДКСК, мојот и интегритетот на моето семејство,“ вели таа во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Која е Татјана Димитровска, претседателката на Антикорупциска, која е осомничена за „Адитив“ и остана без пасош

Претседателката на Антикорупциска, Димитровска, одавала податоци кои се службена тајна на обвинет во случајот „Адитив“: Детали од Обвинителство

Каков имот пријавила Татјана Димитровска, претседателката на Антикорупциска, која е осомничена за „Адитив“

Фото: ДКСК

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Возовите од Скопје кон Битола и обратно ќе сообраќаат еднаш дневно

Редакција

Работилници за врсничко насилство и за учениците од Берово во кампањата на „Макпетрол“

Редакција

Камала Харис e кандидат на демократите за претседател на САД

Редакција