На убиецот на 29-годишната Емилија Пешева од Штип, Фадил Зејнелов, Основниот суд Штип денеска му изрече казна доживотен затвор.
На претходното рочиште Зејнелов призна вина, а Основното јавно обвинителство Штип и родителите на Пешева побараа доживотен затвор за него.
Зејнелов на рочиштето рече дека ја убил поради неверство.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пешева беше убиена на 1. ноември лани.
Пред убиството имало кавга помеѓу Пешева и Зејнелов, бидејќи таа сакала да ја прекине врската.
За нарушените односи помеѓу нив знаеле и полицијата, Обвинителството и Центарот за социјални работи. Кај нив имало пријави дека Пешева е жртва на насилство. Но, се откажувала од гонење, поради стравот од ново насилство.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Убиената 29-годишна жена од Штип била удирана со тупаници, па задавена: Детали од Обвинителство
Фото: Unsplash