еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Енергетската криза пресудна за соединување на ТЕЦ Неготино и ЕСМ, велат од компанијата

Согласно изготвената анализа за присоединување на ТЕЦ АД Неготино кон ЕСМ АД Скопје, утврдена е оправданоста од присоединувањето со што се овозможува поефикасно и економски поисплатливо искористување на производствениот капацитет на ТЕЦ Неготино, порационално управување, искористување на оперативниот, производствен и управувачки персонал, велат од ЕСМ.

„Енергетската криза од 2021 година претставува пресуден аргумент за нужноста од интегрирањето на ТЕЦ Неготино во рамки на ЕСМ, како од аспект на диверзификација на ризик, така и од аспект на стабилност и континуитет во производството на електрична енергија на државно ниво.

Исто така треба да се има во предвид дека двете компании се лиценцирани за производство на електрична енергија, па ваквиот предлог за статусна промена – присоединување на ТЕЦ Неготино кон ЕСМ е целосно оправдан и реализиран,“ се вели во соопштението.

Кога започна енергетската криза, Владата даде согласност на ЕСМ да го активира со работа ТЕЦ Неготино за времено дополнително производство на електрична енергија во услови на енергетска криза, и заклучно со 2022 година произведени беа 412.692 MWh електична енергија, а заклучно со 31 декември 2023 година произведе 346.248 MWh.

„Произведената електрична енергија во ТЕЦ Неготино, за време на енергетската криза, ЕСМ ја искористи во еден дел за потребите за снабдување на домаќинствата и малите потрошувачи во случаи на кусоци, дел за потребите на АД МЕПСО, а дел ја понуди на продажба на слободен пазар на домашните стопански субјекти, по цени пониски од цените на берзата“, велат од таму.

Термоелектраната „Неготино“ почнала да се гради 1974, а изградена е во 1978 година. Последен пат претходно работела во производството на електрична енергија во 2009 година, за во 2022 година по 12 години пауза како „ладна резерва“, во услови на енергетска криза да биде вклучена за само 40 дена.

ТЕЦ Неготино има вкупен расположив капацитет за производство од 180 мегавати, што е приближно еден блок на РЕК Битола.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ТЕЦ Неготино се присоединува кон ЕСМ

Фото: ЕСМ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Топ 5 акции со најголем раст и пад на Македонската берза во јануари

Редакција

Васко Стефанов нов генерален директор на ЕСМ, а Марија Пејкова директорка за финансиски работи

Редакција

Заев: Мојот приход е 87.000 денари, а со новиот данок ќе бидат опфатени плати повисоки од на премиерот и претседателот

Редакција