еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Енергетска поддршка од Имлек протеин на Охрид ultra trail 2024

Викендов Охрид живееше со енергијата и духот на „Охрид Ултра-треил“, каде што натпреварувачите трчаа на предизвикувачки рути меѓу езера и планини. Оваа година настанот постави нов рекорд, привлекувајќи над 440 учесници, рекреативци и професионални спортисти, кои се натпреваруваа во 4 трки од 22 км, 40 км, 65 км и 107 км. Претставувајќи 35 земји, овие спортисти покажаа извонредна издржливост и дух.

Имлек Протеин ја даде енергетската поддршка за сите спортисти во текот на викендот и за време на целата трка. Секој учесник имаше можност да ја надополни својата енергија со Имлек протеин шејковите, коишто беа достапни цело време за освежување и им обезбедија високо квалитетни дози протеин и енергија за да можат да ги освојуваат патеките се до целта. Посветеноста на Имлек Протеин, овозможи спортистите да можат да ги одржат своите перформанси и да останат енергични, придонесувајќи за незаборавно искуство на ултра-треил патеката.

Имлек Протеин беше домаќин на своја зона на плоштадот во Охрид, создавајќи одлична забавна поддржувачка атмосфера како за тркачите така и нивните поддржувачи. Зоната на Имлек Протеин  беше место кое нудеше супер релаксација и надополнување на енергија.

Протеините играат клучна улога и се од суштинско значење во поддршката за регенерирање, закрепнување и раст на мускулите. Имлек протеин шејковите нудат брз и лесен начин да ги задоволите дневните потреби за протеин. Имлек Протеин не содржи додаден шеќер или лактоза, а процентот на млечни масти изнесува само 0,1%. Со консумирање на Имлек протеин шејк 300 мл се добива загарантирана доза од 30 грама 100% чист млечен протеин. Достапен е како шејк во три различни вкуса, чоколадо, ванила и јагода и како пудинг во три варијанти, чоколадо, банана и ванила.

Токму заради ваквата хранлива вредност и состав, Имлек протеин беше омилениот пијалак на сите поголеми трки минатата година каде ја даде својата поддршка. Оваа година продолжува со поддршката и секако забава за сите спортисти, ентузијасти и рекреативци подготвени за освојување нови предизвици.

ПР-објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

10. јубилејно издание на BIWC – Балкански интернационален вински натпревар 2021 година во Македонија

Редакција

(Фото) Една година Ист Гејт Мол: 1001 причина да го посетите

Редакција

Се формираше нов планинарски клуб „Клепа“

Редакција