еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Град Скопје ќе помогне со два милиони денари за настраданите во пожарот во Атина

Советот на Град Скопје на втората вонредна седница едногласно ја донесе Одлуката за давање на парична помош на настраданите во катастрофалните пожари во Грција.

Со оваа одлука, како израз на солидарност спрема настраданите во катастрофалните пожари во Република Грција, Градот Скопје додели помош во износ од 2 милиони денари, поточно парична помош во износ од милион  денари и непарична помош, исто така, во износ од милион денари.

– Денеска е тажен ден за нашиот град. Денеска одбележуваме точно 55 години од катастрофалниот земјотрес кој го погоди Скопје во 1963 година, и се совпадна на овој ден кога ние треба да возвратиме на хуманоста која нашиот град ја доби од целокупната меѓународна заедница. Според последните податоци коишто се достапни во овој момент, загинати се 81 лице, а нанесена е огромна материјална штета – кажа градоначалникот Шилегов.

Скопје стана град на солидарност и хуманост по катастрофалниот земјотрес во кој загинаа над илјада луѓе. Веднаш по катастрофата, целиот свет застана зад Скопје. Интерпарламентарната унија упати препорака до сите парламенти и влади да помогнат во обновата на градот. Хуманитарните организации во многу земји собираа  и донираа помош за Скопје.

Фото/Град Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонските граѓани донирале 10 милиони денари за настраданите во земјотресите во Турција и Сиријa

Редакција

Одржан првиот форум за Персонализирана медицина и геномско профилирање: Унапредување на персонализираната медицина во пракса

Редакција

Во Скопје Женски приказни со предавачи од Чикаго на тема Soft Landing & Community Building

Редакција