За американскиот претседател Доналд Трамп, украинскиот претседател Володимир Зеленски е дикататор.
Трамп оваа прво го напиша на неговата платформа Truth Social, а потоа истото го кажа и на прес-конференција.
Според Трамп, Зеленски завршил ужасна работа и вели дека „e подобро да побрза или ќе нема земја со која ќе може да претседава“.
„Ја сакам Украина, но Зеленски заврши ужасна работа, неговата земја е уништена, а милиони умреа непотребно – и така тоа оди…“, смета Трамп.
Трамп напиша и дека Зеленски, кого го нарече „скромно успешен комичар“, ја убедил Америка да потроши 350 милијарди долари за да влезе во војна што не може да се добие.
„Тој одбива да ги одржи изборите, тој котира многу ниско на украинските анкети и единственото нешто во што беше добар беше да го игра Бајден како виолина“, додаде Трамп.
„Диктатор без избори, подобро е Зеленски да побрза или нема да има земја“, напиша Трамп и потенцира дека САД, во меѓувреме, „успешно преговараат за крај на војната со Русија“, нешто што „сите го препознаваат“ и само неговата администрација може да го постигне.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп живее во меур од руски дезинформации, вели Зеленски, убеден е дека никој неможе да го смени
Украина имаше три години да преговара за мир, Зеленски има рејтинг од 4%, вели Трамп
Фото: Фејсбук/Трамп