еМагазин
Image default
Спорт ТОП СТОРИИ

Златен медал за Стојановиќ од „Макпетрол“ на светската младинска карате лига во Венеција

Каратистот на „Макпетрол“, Стефан Стојановиќ, го освои првото место во категоријата над 84 килограми на светската младинска карате лига во Венеција.

Членот на скопскиот клуб на турнирот во Италија освои златен медал натпреварувајќи се во највозрасната (У21) категорија на постари јуниори.

Со 4.000 спортисти од 81 земја, овој собир беше најмасовен глобален натпревар за млади каратисти.

Стојановиќ во финалето го совлада Олександер Козлијан од Украина со резултат 3-1. Во елиминацискиот дел македонскиот каратист извојува четири победи. Тој ги исполни очекувањата на тренерот Петар Заборски и ја заокружи годината во самиот врв на најдобрите каратисти. Стојановиќ со овој резултат ќе остане или прв или втор на Светската Ранг листа на WKF (Светска карате федерација) до крајот на 2024 година.

На патот до златниот медал Стефан Стојановиќ ги оствари следните резултати против: Мика ван Вундерберг (Холандија) 5-0; Џонатан Росигноли (Италија) 1-0; Александер Дејвис (Луксенбург) 2-2; Данил Касијанов (Украина) 1-0.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Дали некој се уште прислушува: Дел од „бомбите“ на „Ел Чека“ се после формирањето на СЈО и ОТА?

Редакција

(Видео) Само двајца пејачи во историјата на Евровизија победиле по двапати

Редакција

Македонија влегува во криза: Рекордни 641 нови случаи на Ковид-19

Редакција