еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Зошто од среда ќе Ве казнат ако возите со возачка без „Северна„?

Лавина од негативни реакции во јавноста и на социјалните мрежи предизвика вчерашното соопштение на Министерството за внатрешни работи, во кое меѓудругото стои дека ќе бидете казнети ако од среда низ Македонија возите со возачка дозвола без новото име на државата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Од среда ќе платите казна ако возите со возачка без „Северна„

Казна ќе платите, бидејќи според Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата ќе се смета дека немате возачка дозвола, односно дека истата без „Северна“ е невалидна.

И не само тоа. Доколку со возачка дозвола со старото име учествувате во сообраќајка, ќе платите и за евентуална штета поради невалидна возачка.

Законот, поради обврските од Преспанскиот договор, е донесен во јуни 2021 година и во истиот пишува дека возачките без “Северна“ нема да важат од 12. февруари 2024 година.

Во Законот може да се интервенира

Секако дека може да се интервенира со амандам за оваа законско решение, за рокот да се пролонгира, бидејќи граѓаните не беа доволно информирани за возачките дозволи, но тоа досега не случи.

Од друга страна пак личните карти без „Северна“ во Македонија ќе можете да ги користете по 12. февруари, а од среда нема да можете и да излете од земјата без пасош со новото име.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Сите кредити земени со стари документи, од полноќ се неважечки“: Твитер реакции за возачките, пасошите и личните карти со „Северна“

Од среда нема да можете да излезете од државата без пасош со „Северна“

Личните карти без „Северна“ ќе важат и по 13. февруари, за во Србија, Албанија, Косово, Црна Гора и БиХ, не се знае дали ќе Ви биде дозволен влез

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Струмичко „Единство“ од АД ќе стане ДОО, Берзата го стави на „Листата на набљудување“

Редакција

Пендаровски: Силна осуда за воените дејствија кои Русија ги презема над Украина

Редакција

Мицкоски: Веднаш лидерска средба

Редакција