еМагазин
Image default
МАКЕДОНСКО

Избрани 20 романи во првата селекција за наградата „Роман на годината“ за 2024 година

Жири-комисијата за наградата „Роман на годината“ за 2024 година што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, во состав Лидија Димковска (минатогодишна лауреатка и претседателка на жирито), Маја Бојаџиевска, Ѓоко Здравески, Андреј Ал-Асади и Катерина Богоева (претставничка на Фондацијата), ја направи првата селекција, избирајќи 20 од 43. пристигнати наслови на годинашниот конкурс, информираат од таму.

Комисијата има обврска да го соопштат наградениот роман најдоцна до 15. март.

Наградата, чиј генерален покровител е Комерцијална банка АД Скопје, а исто така е поддржана и од Министерството за култура, годинава се доделува 26. пат. Таа се состои од плакета, уникатна статуетка и паричен износ од 150.000 денари.

Минатата година наградата ја доби романот „Единствен матичен број“ на Лидија Димковска, во издание на издавачкиот центар „Три“ од Скопје.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ден на Републиката – одбележување на двата историски Илиндена

Редакција

„Денови на македонската литература“ на Филолошкиот факултет при УКИМ

Редакција

Знаeте ли што пишува во Крушевскиот манифест?

Редакција