еМагазин
Image default
Забава ТОП СТОРИИ

Изведба на оперскиот бисер „Кавалерија рустикана“ од Пјетро Маскањи, на 31. јануари

Tрагичната приказна за љубовниот триаголник, за традицијата која се испречува помеѓу страста и љубовта, омразата и одмаздата, прикажани во операта „Кавалерија рустикана“, на сцената на Националната опера и балет ќе се изведе на 31. јануари со почеток во 20 часот.

„Кавалерија рустикана“ е едно од најуспешните дела од италијанскиот композитор Пјетро Маскањи, чиј успех не успеал да го повтори во останатите опери кои ги создал по неа.

На нашата сцена ќе се изведе под диригентската палка на Иван Еминовиќ, а во режија на Џандоменико Вакари од Италија, сценограф е Зоран Николовски, костимограф е Елена Дончева, концерт-мајстор е Верица Ламбевска, хор-мајстор: Ѓургица Дашиќ и Јасмина Ѓорѓеска.

Настапуваат Весна Ѓиновска Илкова во улога на Сантуца, Зоран Сотиров како Туриду, Ристе Велков како Алфио, Марија Наумовска во улогата на Лола, Марика Поповиќ како Мајка Лучија во придружба на хорот и оркестарот од Националната опера и балет.

„Кавалерија рустикана“ е оперски бисер натопен во страст и со одмазда како главен движечки мотив и еден од најомилените и најизведуваните оперски наслови до ден-денес на светските оперски сцени.

Фото: НОБ

Промотивна објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Скопје трча заедно: Придружете се на јубилејното издание на Виз Ер Скопски маратон

Редакција

И ДПА на Тачи и ЕДП на Хоџа дел од „Европскиот фронт“ на ДУИ

Редакција

Фон дер Лајен твитна на македонски за договорот со Фронтекс, па и се „нафрлија“ Грци и Бугари

Редакција