еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Шилегов е нашиот фаворит за локалните избори, вели Заев

Премиерот Зоран Заев, во одговор на новинарско прашање дали ќе има заедничка поддршка со ДУИ на градоначалникот Петре Шилегов, кој вчера најави дека ќе се кандидира за втор мандат, рече дека тој дава поддршка на социјалдемократските градоначалници, потврдувајќи дека Шилегов е фаворит на СДСМ за претстојните локални избори.

„Неколку пати дадов коментар за коалициониот партнер ДУИ. Тие денеска ќе кажат тоа што имаат да кажат. Јас го поздравив заради тоа што сум информиран и се радувам што растеме, се унапредуваме, модернизираме.

Јас сум претседател на СДСМ, секако давам поддршка на сите мои социјалдемократи посебно на градоначалниците заради тоа што четири години посветено работеа. На крајот одлуката во нашите органи и тела се носи согласно дослухот со граѓаните,“ рече денеска Заев.

Во врска со најавата на градоначалникот Шилегов за втор мандат, изрази уверување дека тој има изградено висок рејтинг заради тоа што, како што рече, се работеше и во време на пандемија и во време на референдум и на претседателски и на парламентарни избори, сите овие четири години наназад.

„Убеден сум дека како и мене, така и нему, така и на заменичката претседателка Лукаревска и другите членови на раководството на СДСМ многу ни е важно граѓаните што мислат и како тие ги поставуваат работите. Локалните избори се избори на личности. Партиите се важни, се влијателни и се избори на личности.

Шилегов е еден од нашите фаворити, јас тоа го кажав пред неколку месеци овде во Скопје. Но, истовремено е добра спојка помеѓу сите коалициони партнери заради неговата соработка. Секој од партиите ќе си каже, ќе се изјасни,“ рече Заев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Шилегов запрепастен од шпекулациите: Ќе се кандидира за втор мандат за градоначалник на Скопје

МИА/Фото: Град Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Твитер „збесна“ за тендерите што ги добивал семејниот бизнис на пратеникот Крсто Мукоски

Редакција

Каков имот пријавил Артан Груби, кој нема да биде прв вицепремиер во техничката влада

Редакција

Италијанските воздухопловни сили, заедно со грчките ќе го чуваат македонското небо

Редакција