еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Изречената воспитна мерка за Васил Јованов била согласно законот, нема пристрасност кај судијката, велат од Судскиот совет

Судскиот совет не најде прекршување на законот за одлуката на судијката Даниела Алексовска Стојановска за воспитната мерка за Васил Јованов, кој ја прегази 22-годишната Фросина Кулакова пред неколку недели во Скопје.

Комисијата која била формирана од страна на Советот, утврдила дека Алексовска Стојановска ја донела одлуката за изрекување заводска мерка согласно член 70 од Законот за правда на децата во кој е регулирано дека за време на пресудувањето на полнолетно лице кое не наполнило 21 година може да му биде изречена заводска мерка ако со оглед на неговата личност и околностите под кои е сторено делото може да очекува дека со воспитната мерка ќе се постигне целта што би се остварила со изрекување на казната.

– Од увидот во предметот, Комисијата утврди дека почитувајќи го принципот на презумпција на невиност во списите на предметот за обвинетиот постои дека обвинетиот е неосудуван, односно нема податоци за негова осудуваност од казнентата евиденција, не се доставени податоци од Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје дека против него се водат кривични постапки, ниту пак, ОЈО Скопје достави решение дека во согласност со оштетениот, го одложил кривичното гонење за сообраќајна незгода која ја сторил обвинетиот односно за кривично дело за кое е пропишана казна затвор до три години ако осомичениот е подготвен да се однесува според упатствата на јавниот обвинител, што е предвидено како можност согласно член 43, став 1, од ЗКП, а како факт дека вакво решение постоело беше и во јавните гласила потврдено од овластениот тужител.

Податоците што работната група ги утврди од увидот во кривичната пријава од МВР, Единица за недозволена трговија со дрога и луѓе, дека обвинетиот повеќепати е контролиран поради поседување на растителна материја која во моментот на поднесување на пријавата во ОЈО Скопје не била  вештачена, а во еден случај е пронајдена и одземена од обвинетиот и дигитална сива вага, според одредбите од ЗКП не се доказ во кривична постапка и овие податоци судијата правилно не ги зела во предвид при пресудувањето.

Зошто овие дејствија преземени од Едиицата за недозволена трговија со дрога и оружје не биле процесуирани со завршница е прашање за самите нив и за ОЈО Скопје, рече Данка Ристова, претседателка на Комисијата.

Решението со кое на Јованов му е укинат притворот, според Советот, судечкиот судија го донел применувајќи ја одредбата од член 173, став 1, точка 5, од ЗКП, сметајќи дека кога на обвинетиот не му е изречена казна затвор треба поради изречената заводска мерка истото да биде укинато по службена должност кое според изјавата на судијата како одлука било пракса во судот.

Тоа, како што наведоа од таму, не можеле да го проверат, бидејќи вакви предмети со изречена заводска мерка на помлад полнолетен сторител се многу ретки.

Решението со кое на Јованов му е укинат притворот не е обжалено од ОЈО Скопје, посочија од таму.

Од Советот сметаат и дека немало пристрасност кај судијката

– Наводите за  пристарасност при одлучувањето на судијата во однос на постоење на причини за изземање од член 33 од ЗКП оваа работна група смета дека испитаните околности не се од таков карактер да предизвикуваат сомневање во нејзината пристрасност и не се во рамки на предвидените причини за изземање од член 33, став 1 и 2 од ЗКП, рече Ристова.

Апелациониот суд Скопје на 7. февруари ја одби како неоснована жалбата на Јованов за ова дело, а жалбата на ОЈО Скопје ја уважи и ја преиначи одлуката во затворска казна во траење од три години и десет месеци.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Васил Јованов е пресметлив и психички здрав, вели неговиот адвокат

Васил Јованов, кој ја усмрти Фросина, доби 3 години и 10 месеци затвор за претходното дело

Каков имот пријавила судијката Алексовска Стојановска, која Филков ја разреши од работна група во Министерството за правда

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од денеска исти правила за патување на грчките острови, како и за влез во Грција

Редакција

Брачен пар се удави во Радика, откако нивниот автомобил излетал од патот

Редакција

Рецептите за хронично болните пациенти од утре ќе се издаваат електронски, наскоро и за другите осигуреници

Редакција