еМагазин
Image default
Техно ТОП СТОРИИ

Во клиниката ТОАРИЛУЦ првпат изведена операција на колено со помош на робот

На Универзитетската клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување и ургентен центар ТОАРИЛУЦ првпат во јавното здравство во земјава, со асистенција на робот успешно е изведена операција на колено.

Станува збор за интервенција врз 70-годишна жена изведена од страна на хирурзи од ТОАРИЛУЦ и хирурзи од клиника во Лариса во Грција, со асистенција на позајмен робот.

Директорот на ТОАРИЛУЦ, Александар Трајановски информира дека операцијата траела околу еден час.

– Со огромно задоволство можам да кажам дека испишуваме историја на Клиниката за ортопедски болести. Направена е прва операција со асистенција на робот, што не е мала работа за мала држава како што е нашата, да сме рамо до рамо со сите светски клиники и сите европски и светски стандарди, изјави директорот на клиниката.

Тој нагласи дека на клиниката и понатаму ќе продолжи имплантирањето на тотални протези со оваа нова процедура која овозможува преку асистенција на робот да се минимализира каква било можност за компликација.

– Хирургот досега се правеше сам. Сега роботот е асистенција на хирургот, но пак носечки дел е хирургот. Од големо значење е затоа што ги следиме сите светски стандарди и придонесува процентот за грешка да е многу помал, истакна Трајановски.

Тој додаде дека Клиниката има одлична соработка со Клиничката болница во Лариса и изрази благодарност за поддршката од Министерството за здравство, кое, како што рече, создава услови експерти од странство да доаѓаат и да вршат обуки.

Министерот за здравство Фатмир Меџити посочи дека Министерството во иднина ќе се залага за набавување на ваков робот, но дека сепак треба да се земе предвид и буџетот.

– Како министер сакам да ја истакнам мојата заложба за што побрзо приближување на реформската агенда, а во исто време барајќи можности за иницирање на промени кои ќе имаат непосредно влијание врз пациентите, нивните семејства и здравствените работници, посочи министерот.

Докторите од Грција оценија дека роботиката е иднината и дека ова е голем чекор за нашата држава.

Во однос на чекањето на термини за интервенции, директорот на Клиниката за ортопедски болести рече дека има голем број на пациенти кои чекаат замена на вештачко колено и колк, но дека се трудат максимално да одговорат на нивните барања, колку што дозволуваат условите.

– Наоѓаме простор колку што ни дозволуваат условите, реално имаме три операциони сали, Понекогаш остануваме да работиме и втора смена, со цел да се намали листата на чекање, листата е голема. Но, сепак еве и со консултации и договор со Министерството за здравство ќе најдеме решение за таа листа побрзо да се намалува. Мислам дека нема пациент кој чека повеќе од три до четири месеци, значи не е тоа итна патологија за да мора денес одма да се изведе операција, рече Трајановски.

Одговарајќи на новинарско прашање за нефункционирањето на лифтови на некои клиники, министерот Меџити рече дека ќе иницира да нема заедничка служба која ќе ги одржува лифтовите.

– Има тековни законски процедури кои мора да се почитуваат, но ќе се разрешат, потенцира министерот.

Меџити додаде и дека имало недоразбирање во јавноста за наводно враќање на работа на пензионираните специјалисти и професори, појаснувајќи дека станува збор за задржување на работа на оние лекари на кои законски може да им се одложи пензионирањето, односно за оние од 64 до 67-годишна возраст.

– Нема да одат сите во пакет, туку само оние за кои навистина мислиме дека ќе има потреба да дадат придонес со нивното долгогодишно искуство, појасни Меџити.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

КПУ Идризово склучи договор за набавка на храна со „Фодулмак“, вреден 1,1 милион евра

Редакција

Вучиќ на Фон дер Лајен ѝ рече дека се чувствува како „црна овца“: Вклучете го Западен Балкан во плановите на ЕУ

Редакција

(Фото+видео) Бујни гради, секси нозе и стегнати задници: Познати Македонки во летен фазон

Редакција