еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

Икона на Пресвета Богородица -„Троеручица“ од светогорскиот манастир Хиландар, ќе биде донесена во Скопје во петок

Во петок, на 20. септември 2024 година, во навечерието на празникот Рождество на Пресвета Богородица, во Скопје ќе биде донесена икона на Пресвета Богородица -„Троеручица“ од светогорскиот манастир Хиландар.

„Свечениот пречек на иконата ќе биде во 17 часот пред храмот „Рождество на Пресвета Богородица“. Потоа ќе следи празнична Вечерна богослужба, по што ќе се изврши литија со иконата низ центарот на Скопје.

Во сабота, на 21. септември 2024 година, ќе се отслужи света архијерејска Литургија, на која ќе началствува Неговото блаженство Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан, во сослужение на архијереи и свештенослужители на Македонската Православна Црква-Охридска Архиепископија и гости,“ информираат од Канцеларијата на Скопска епархија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) „Огнената група“ на средба кај Ахмети: Лидерот вели дека партијата е национално богатство и меѓучовечките односи мора да се средат

Редакција

Бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“ не ги отстрани спорните содржини од социјалните мрежи во предвидениот рок, велат од Комисијата за спречување и заштита од дискриминација

Редакција

ДИК: До 13 часот излезноста 20,73 отсто, гласањето без неправилности

Редакција