еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Македонска трагикомедија: Ќе се најде ли јунак за дивоградбата кај Мавровка?

Во трагикомедија се претвори случајот со дивоградбата кај трговскиот центар Мавровка во Скопје откако наводно никој не се јавил на огласот за уривање на овој објект по што беше распишан втор оглас.

Уште посмешно е што се уште не се знае кој е инвеститорот на овој огромен објект во центарот на Скопје.

Како сите да заборавија дека пред да почне да се гради, случајно или не, имаше пожар на локалот кај танаречената фонтана кај Мавровка каде сега стои огромниот објект.

Како е можно во една држава градските власти да не знаат кој им гради под носот е прашање што навистина заслужува внимание и кое надлежните органи треба добро да го истражат.

Некој треба да одговори дали лица од општина Чаир или град Скопје замижале за оваа градба.

Во меѓувреме, наместо ефикасно уривање за да се покаже решителност кон вакво незаконско градење, локалната власт се „брука“ со огласи, што нормално наиде на сеир во јавноста.

Повеќе граѓани се пријавија тие да го урнат објектот без пари доколку општината не може да најде фирма што ќе го изведе тоа.

Овој случај уште еднаш покажа дека механизмите за заштита на централното градско јадро се користат само со нечија дозвола, а најдобар пример за тоа е објектот на некогашна Менада, кој и покрај тоа што е дивоградба веќе со години стои на влезот на Старата скопска чаршија, како некој да чека да се подзаборави на реакциите во јавноста за потоа објектот да се отвори.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Луфтханза“ од мај ќе го намали бројот на летови од Скопје за Франкуфурт

Редакција

Палевски му се заканувал на Мицкоски и неговиот постар син

Редакција

Нови 411 случаи на Ковид-19, во Скопје 198

Редакција