Телевизијата Сител објави дека меѓу четворицата исламски екстремисти кои беа уапсени неодамна во земјава, имало и Македонец.
Засега не е познато кога и каде тој бил екстремизиран и кога ја сменил верата, а според информации на телевизијата во групата имало и повратници од боиштата во Сирија каде се бореле на страна на терористичката организација Исламска држава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Формирале ќелии на ИСИС: Уапсени уште четири лица кои планирале терористички напади низ Македонија
Како што информираа македонските власти лицата планирале напади врз цивилни објекти во земјава.
Нивната ќелија беше разбиена во два наврати.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Уапсените лица за тероризам планирале напади на јавни објекти: Детали од МВР
Уапсени четири лица во Струга и во Гостивар за можен тероризам во Македонија и на Балканот
Фото: МВР