еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

И Министерство за здравство се оградува од проблемот со паднатиот потпорен ѕид позади Детска клиника

Од Министерството за здравство информираа дека немаат надлежност за трајно користење на земјиштето на кое се наоѓа паднатиот потпорен ѕид позади Клиниката за детски болести.

„Секој од објектите во Клиничкиот центар има право на користење на објектите, но нема доделено право на трајно користење на земјиштето околу клиниките.

Во интерес на граѓаните, потребно е да се изнајде итно решение во заеднички напори со надлежните институции Градот Скопје и Општина Центар кои треба да бидат иницијатори за решавање на проблемот, поради тоа што се работи за улица, а надлежните инспекциски служби да дадат мислење за моменталната безбедност,“ велат од Министерство за здравство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Да беше наша надлежност, ѕидот одамна ќе беше саниран, велат од Општина Центар

(Видео+Фото) Се урна дел од потпорен ѕид на улицата над Детска клиника: Во опасност се човечки животи, но и имот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 188 случаи на Ковид-19 од 2.245 тестови, 25 се реинфекции

Редакција

Народната банка распродава лускузни автомобили

Редакција

Над 200.000 граѓани ова лето купиле патничко осигурување за годишен одмор во странство

Редакција