еМагазин
Image default
ТОП СТОРИИ ЧИСТА ОКОЛИНА

КАМ се приклучи кон инвестицијата за поставување на првите вендинг-машини во Струга и Охрид

Општествената одговорност и грижата за средината отсекогаш се примарна водечка мисла во работните активности на компанијата КАМ, поради што во соработка со „Пакомак“ беа инсталирани првите вендинг-машини во дел од КАМ маркетите во Охрид и Струга, каде што секој граѓанин ќе може да се вклучи во одговорно селектирање на отпадот, инфоррмираат од компанијата.

Во машините ќе може да се остават пластични амбалажи и лименки, а секој одговорен граѓанин ќе „собира“ зелени поени кои носат голем број предности кои ќе можат да се искористат во малопродажната мрежа на КАМ и останати маркети.

Следејќи ја својата корпоративна општествено одговорна стратегија, КАМ инсталираше вендинг-машини во маркетите во четири градови: Крива Паланка, Струмица, Охрид и Струга, а во следниот период оваа акција ќе ја имплементира во 15 КАМ-локации низ поголемите маркети во земјава.

Менаџерскиот тим на КАМ со овој потег го става фокусот на екологијата и се фокусира на компаниската цел да ги мотивира своите лојални потрошувачи  да се вклучат во исклучително важна приказна којашто ќе помогне да се минимизира отпадот и да се подобри квалитетот на живот во секој град во Македонија.

„Сметаме дека секоја активност што го подобрува нашето општество е вредна за да се вложиме во неа, а среќни сме што нашите купувачи нè следат во секој општествено одговорен аспект од самиот почеток. Секако, ова не е само една акција на која ќе се посветиме.

За еколологијата и подигање на свеста на луѓето за ова прашање континуирано мора да работиме и да ја развиваме заеднички, без разлика дали на компаниско или индивидуално ниво. Се надеваме дека нашиот пример ќе биде мотив да се вклучат и останатите компании, за да направиме една подобра, поздрава и почиста земја,“ велат од менаџментот на КАМ.

Преку бесплатната апликација „Пакомак“, наречена „Ecomac“, секој купувач ќе може да го скенира баркодот кој се појавува на апликацијата и по фрлање на отпадот во вендинг-машината ќе добие зелени поени кои носат ваучери за попусти, како и попусти при плаќање јавни услуги, комунални трошоци, донации итн. Секој корисник на мобилната апликација има свој личен баркод кој е „поврзан“ само со неговата лична одговорност и еколошка свесност.

Во иднина КАМ останува отворен за соработка за нови креативни проекти кои се насочени да ја подобрат средината во која живееме и еколошката состојба во која секој од нас работи и придонесува.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МВР склучи договор со ЕСМ Продажба вреден 19,1 милиони евра

Редакција

Твитер реакции за кавгата на Пендаровски и Филипче

Редакција

Топ пет најголеми должници на новата Листа на должници на УЈП

Редакција