Промената на државниот грб на Македонија е во фокусот на јавноста и медиумите, а веќе почнаа лицитациите „за„ и „против„, а некои од партиите дадоа и нивни предлози како да изгледа новиот.
Претседателот на Беса, која е дел од владејачката Вреди, Биљал Касами, денеска изјави дека поддржува секакви промени на Уставот, со кои ќе се менуваат државните симболи поврзани со “минатиот општествено-политички систем“.
– Ние сме подготвени да разговараме за еден пакет на уставни измени, каде што наместо наследството од претходниот систем ќе рефлектира сегашното ориентирање на државата кон Европската Унија.
Ние сме подготвени да разговараме сигурно дека тоа ќе биде и јавен транспарентен процес, изјави Касами.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СДСМ е против менување на државниот грб
Од ЛДП го предлагаат рисот како консензуално решение за новиот државен грб
Фото: Касами/Фејсбук