еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Катерина Јанковиќ е нов член на Управниот одбор на НЛБ Банка Скопје

По одлуката на Надзорниот одбор на НЛБ Банка Скопје и добиената согласност од Народната банка, од 29.01.2025 година, Катерина Јанковиќ е нов член на Управниот одбор (УО) на НЛБ Банка Скопје.

Како што информираат од Банката, таа е докажан професионалец во областа на финансиите, со повеќе од две децении искуство во банкарскиот сектор.

Во очекување на одобрението од Народната банка, Јанковиќ од септември минатата година, ја извршуваше функцијата помошник на Управниот одбор на НЛБ Банка Скопје.

„Голема благодарност до Надзорниот одбор на НЛБ Банка Скопје и Народната банка на Република Северна Македонија за укажаната доверба. Чест ми е да се приклучам на Управниот одбор на НЛБ Банка Скопје, силна, стабилна и модерна финансиска институција, дотолку повеќе што пред нас е амбициозна и напредна деловна стратегија која комплетно ќе го преобликува искуството на нашите клиенти.

Се радувам на можноста да бидам дел од ова возбудливо патување и да придонесам во мисијата на Банката за обезбедување на врвни, иновативни и технолошки најнапредни банкарски услуги, раст и одржливост и поставување на нови стандарди на извонредност во финансискиот сектор,“ истакнува Јанковиќ во својата прва изјава по стапувањето на функцијата член на УО на НЛБ Банка Скопје.

Катерина Јанковиќ во управата на НЛБ Банка Скопје доаѓа од Шпаркасе Банка каде од 2021 година ја извршуваше функцијата директор на Секторот за население, одговорна за развој на продажната стратегија, планирање и воведување на нови банкарски продукти.

Нејзината кариера во банкарството започнува во 2003 година во Охридска Банка и таа го трасира својот пат од благајник во експозитура до највисоките менаџерски позиции во секторите за корпоративни клиенти и население.

Јанковиќ е димпломиран економист на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, и магистер на науки од областа на бизнис администрацијата во финансии на Универзитот „Шефилд“ во Солун.

Таа е сопруга и мајка на два сина.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

23 лица биле на возраст од 30 до 59 години: Бројот на смртни случаи од Ковид-19 се зголемил за 22,5% за една недела

Редакција

Кој донирал за кампањата за парламентарните избори на СДСМ

Редакција

Хронологија на бегството: Мијалков последен пат виден како влегува во гаражите на „Мериот“ со една жена и тројца мажи

Редакција