еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Клиника Жан Митрев со едукација за здравствената заштита на спортистите

Тимот доктори од Клиника Жан Митрев ги едуцираше спортските работници, претставниците на спортските сојузи, тренерите на клубовите и спортистите за здравствената заштита при постигнување врвни спортски резултати, информираат од таму.

На предавањето на тема „Добро здравје за врвни спортски резултати“ во организација на Клиника Жан Митрев се зборуваше за значењето на превентивната заштита, за симптомите на претренираност кај спортистите, за превентивната заштита на локомоторниот апарат кај младите спортисти и што вклучува сеопфатниот превентивен преглед којшто е клучен за здрави спортисти.

Заради важноста од добро и стручно информирање за психофизичката состојба на спортистите во спортувањето и за постигнувањето на добри резултати со присутните беше отворена дебата на тема „Можности, перспективи и лични искуства на спортистите во поглед на предизвиците од спортскиот начин на живот (калориски внес, психофизички способности и останати проблеми)“.

Предавачи беа д-р Виолета Николов – специјалист гинеколог, Игор Николов – доктор на науки по кинезиологија, професор по физичко образование, спорт и здравје, проф. д-р Глигор Џолев – специјалист хирург ортопед и проф.д-р Милка Клинчева – интернист кардиолог.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Македонски Телеком со моќна кампања за вистинско поврзување: Да направиме место за емпатија, разбирање и блискост

Редакција

Казнет пратеникот на СДСМ, Костовски зборувал на телефон додека вози

Редакција

Донација на ОКТА за топол дом на младинците од СОС Детско село

Редакција