еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Кои се правните механизми за заштита од високите маржи кои изнесуваат и над 40%

Владата денеска на седница ќе го разгледува извештајот на Државниот пазарен инспекторат, кој е изготвен врз основа на контролата направена во маркетите и кај дистрибутерите, во периодот од септември до јануари, за да се види оправданоста на високите цени. По направената анализа, ќе се донесе одлука, какви мерки ќе бидат превземени.

Засега е познато дека кај маркетите забележани се маржи на основните производи од 5 до 20%, а кај другите продукти, маржите оделе од 25 до над 35 отсто. Кај дистрибутерите маржите се движеле од 20 до над 40%.

Постојат ли правни механизми кои ги штитат граѓаните?

Законот за нефер трговски практики стапи на сила на 28. септември 2024, кога беше краен рок трговците да ги усогласат договорите за снабдување со добавувачите и производителите, каде трошоците за рабат и други маркетинг трошоци се ограничени на 10%. Со овој закон се утврдени 26 нефер трговски практики.

Со Законот се ограничуваат надоместоците за складирање, реклама, маркетинг и персонал и рабат најмногу до 10%.

Согласно досегашната пракса, познавачите на состојбите за еМагазин.мк велат дека тие изнесувале од 20% до 35%, што индиректно ги зголемувало малопродажните цени на производите.

Министерство за економија и труд даде преоден период уште три месеци за трговците и добавувачите да ги усогласат договорите, период во кој нема да се оди директно на казни, туку опомени и советување за тоа како треба да изгледаат новите договори.

Комисијата за заштита од конкуренција се уште е некомплетирана

Комисијата за заштита од конкуренција (КЗК) има важна улога во заштитата на потрошувачите, но извори за еМагазин.мк брифираат дека истата не е комплетирана, а членовите треба и да се обучуваат.

Во комплетен состав, ги чека интензивна работа во проверувањето на договорите помеѓу добавувачите и трговците, за што е потребно време, бидејќи еден трговец има над 2.000 договори со различни добавувачи.

Познавачите на состојбите брифираат дека дел од трговците ги уценуваат добавувачите и производителите да направат усен договор по повисока цена ако сакаат нивните производи да ги има на полица. Иако треба, производителите не пријавуваат, а казните изнесуваат и до 20.000 евра.

Замрзнувањето на цени или маржи е неодржлива мерка на долг рок, бидејќи штом ќе заврши одлуката, цените се зголемуваат двојно. Има примери кога цените на некои од основните производи се намалуваат но на сметка на други производи кои се зголемуваат двојно или тројно.

Високите цени ги поттикнаа граѓаните на бојкот на маркетите, кој што најпрво започна во Хрватска, а потоа и во другите балкански држави. Во Македонија бојкотот беше изминатите два петоци, кога прометот на маркетите падна за 47% и 22%.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вториот бојкот на маркетите го намали прометот само за 22,12%

Бојкотот го преполови прометот во маркетите, се намалил за 47% информираат од УЈП

Супермаркетите работат со ниски профити, добавувачите го диктираат ценовниот пазар, вели анализата на ССК

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Владата резервира авиобилети за 287.000 евра

Редакција

Во последното деноноќие нема оздравени од Ковид-19

Редакција

Заев не одговори дали СДСМ и ДУИ ќе имаат заеднички кандидат за градоначалник за Скопје

Редакција