Фирмата „РКМ“ на Ратко Капушевски и Ерџан Сулкоски, кој е доминантен сопственик, е во фокусот на јавноста откако истата се најде во истрагата на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција за набавка на мазут за државната ТЕЦ Неготино.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
И двајцата добија по 30 дена притвор, а со истрагата се опфатени уште неколку лица, меѓу кои и сопственикот на “Пуцко петрол“, Асмир Јахоски, поранешниот директор на Електрани на Северна Македонија (ЕСМ), Васко Ковачевски, кој е во бегство, поранешениот директор на сектор во ЕСМ, Адриан Муча…
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Како работела „РКМ„?
Како што објави 360 степени „РКМ“ во 2018 година имала приходи од околу 67 илјади евра и профитот од 53 илјади.
Кон крајот на 2021 година и почетокот на 2022 година, “РКМ’ склучила два договори со државната ЕСМ за набавка на мазут за ТЕЦ Неготино во вкупна вредност од 112 милиони евра, што значително влијаела на нејзините приходи и профит.
Откако ги склучува милионските договори за мазут, нов доминантен сопственик на „РКМ“ станува Сулкоски, кому, како што објави 360 степени, Капушевски му го продал мнозинскиот удел од 65% за само 24 илјади евра.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Каков имот пријавил Ратко Капушевски, кој заврши во притвор за набавката на мазут
Кај кого МВР при акцијата за отровниот мазут најде и оружје?
Илустрација: 360 степени