еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Колку пати се менувал државниот грб на Македонија

Промената на државниот грб е топ тема во јавноста.

Пред неколку дена премиерот Христијан Мицкоски потврди дека во Владата се разговара за промена на грбот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонија ќе го менува државниот грб, Мицкоски потврди дека се водат разговори помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и Вреди

Од опозициската СДСМ се против негова промена, а партнерите на ВМРО-ДПМНЕ во Владата, коалицијата Вреди, се за промена на грбот, но и на химната.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Да се решеле прво етничките, па потоа економските прашања, вели Таравари

Од ВМРО-ДПМНЕ пак вчера информираа дека никогаш не се разговарало за промена на химната, ниту пак тоа ќе се случи во иднина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека не се разговара за промена на химната

Други партии пак дадоа и свои предлози како да изгледа новиот државен грб.

Колку пати се менувал грбот?

Актуелниот државен грб со мали модификации е во употреба од јули 1946 година.

Во ноември 2009 година од истиот е отстранета црвената петокрака.

Македонскиот државен грб е еден од двата во Европа кои сè уште имаат социјалистички стил и се со пејзажен карактер, наместо историски.

Другиот грб со пејзажен стил е грбот на Белорусија.

Според сите меѓународни и домашни хералдички стандарди ова не е грб, туку аблем.

Во декември 2014 година, Владата на Македонија усвои нов предлог-закон за државен грб на Македонија.

Новиот предлог, според замислата, требаше да го замени актуелниот пејзажен грб со златен штит со приказ на разгневен црвен лав.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„На македонскиот грб треба да стои лева рака и десен џеб“: Реакции за менувањето на државниот грб

Од ЛДП го предлагаат рисот како консензуално решение за новиот државен грб

Касами е за промена на државниот грб и на химната

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Каков имот пријавил Благој Бочварски, министерот за транспорт и врски

Редакција

ВМРО-ДПМНЕ консолидира 61 пратеник

Редакција

Здружението „Студентски отпор“ бара оставка од министерот Шаќири

Редакција