еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

„Конти“ им ги собра парите на македонските граѓани, во МВР се уште нема пријави: На повидок пирамидална измама

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски изјави дека до Министерството за внатрешни работи (МВР) нема пристигнато пријава поврзана со апликацијата „Конти“, за која се тврди дека е пирамидална измама, во која граѓаните вложувале пари, кои никогаш не ги добиле за возврат.

Тој додаде дека од службите на МВР бил информиран дека многу слична апликација за измама била констатирана и во 2022 година, кога било апелирано до граѓаните да внимаваат кога станува збор за вакви потенцијални инвестиции кои најчесто завршуваат како класични измами.

„Според информациите од утринава, кривична пријава официјално не е поднесена, но изразувам оргомна загриженост за ваков пирамидален инвестициски финансиски потенцијален криминал, што се случува по не знам кој пат во земјава. И сега апелирам, граѓаните особено да внимаваат на вакви инвестициски вложувања, да се консултираат со експерти од областа,“ вели Тошковски.

Тој порача дека секој кој бил измамен и бил жртва на овој потенцијално кривичен правен настан треба да се обратат до МВР за да се истражи случајот во целост.

На социјалните мрежи се споделуваат сознанија околу ова апликација, дека дел од учесниците веќе не можат да се логираат на страницата и не добиваат приливи на платформата за тргување со криптовалути.

Според упатените во оваа апликација, „Конти“ нудела лесна заработка на пари преку гледање најави за филмови и лајкување. Администраторите на Конти Македонија на Телеграм, најавуваат згаснување на групата која има повеќе од 14.000 членови.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

По повеќе од два часа застој на Деве Баир, непречено минуваат возила во двата правци

Редакција

Состојбата со активни случаи со корона вирусот по скопските општини непромента: Најмногу во Чаир, Гази Баба, Аеродром, Центар, Карпош…

Редакција

„Елбијор“ доби тендер на Министерството за здравство за набавка на вакцини вреден 1,3 милиони евра

Редакција