еМагазин
Image default
Забава ТОП СТОРИИ

Концерт на џез составот “Светлост” во Лабораториум

PMGJazz Klub со задоволство го најавува концертот на извонредните Светлост, чии уникатен музички јазик вткаен во активно творештво и концертирање е евидентен и во нивниот последен музички албум „Everything Was As It Had Been A Minute Ago“ издаден оваа година за PMGJazz.

Оваа среда, 9. октомври, во 21:30 часот, во Лабораториум во живо ќе ги чуеме Светлост во состав: Нинослав Спировски – кларинет, саксофон, Кристијан Новковски – тапани и Дени Омерагиќ – бас, електроника. Влезот за концертот е слободен.

Како што велат од бендот: „Не ја пропуштајте оваа ретка прилика, бидејќи Светлост во претстојните месеци нема да се фокусирани на клупски концерти низ Скопје, а и ќе биде жустро. Понаострени сме дури и од времето на нашите почетоци, кои беа пред безмалку 10 години. Плус последниот албум ни е се’ уште прилично свеж. Од неговото издавање поминаа само четири месеци“.

Светлост се неидиоматско импровизаторско трио од Скопје, составени од Кристијан Новковски (тапани), Нинослав Спировски (кларинет, сопран саксофон и тенор саксофон) и Дени Омерагиќ (бас, синтисајзери и електроника).

Препознатливи по спонтаниот уметнички израз и над-жанровската естетика, Светлост се наметнува како еден од најзначајните чинители на современата креативна сцена.

Во краток период од октомври 2019 до април 2020 издаваат три критички признаени албуми Odron Ritual Orchestra, Jazz (to the working class) и Six Years за PMG Jazz.

Работејќи низ раниот период на ковид пандемијата во нестандардни услови, кулминацијата на нивниот прв творечки период е концертот на 39. Скопски Џез Фестивал, заокружен со A Wave Returns To The Ocean, како нивното четврто издание.

На почетокот на оваа 2024 година, се прегрупираат со избистрен фокус, и го создаваат досега најдлабокиот уметнички материјал, под името „Everything Was As It Had Been A Minute Ago“ инспириран од моменти на лична загуба, чувства на неприпаѓање, губење на верба во можноста за општествена еднаквост, сочувство со жртвите на новите војни, и Давидовска борба против Голијатската капиталистичка машина.

Албумот е достапен на Bandcamp платформата на PMGJаzz: pmgjazz.bandcamp.com.

Промотивна објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кој сè освен Антевски, кој купи 100 акции во Комерцијала, е во Надзорниот одбор на Банката

Редакција

301 нов случај на Ковид-19 од 3.814 тестирања, бројката на активни е 5.539

Редакција

Силуваниот малолетник имал 8 години, силувачите 10 и 13

Редакција