еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Која е “Казанчи холдинг“, која сака да гради гасни централи во Македонија, за решавање на проблемот со загадувањето

Претседател на Управниот одбор на турската групација „Казанчи холдинг“, Џемил Казанчи, вчера на заедничка прес-конференција со премиерот Христијан Мицкоски, во Скопје, најави дека неговата групација е заинтересирана да гради когенеративни гасни централи во Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Турската групација „Казанчи холдинг“ сака да гради гасни централи во Македонија

Истите покрај производство на електрична енергија би произведувале и топлинска енергија со која би се загревале домаќинствата. Заедно со централите би се изградила и секундарна гасоводна и топлинска мрежа, а домаќинствата не би имале никакви трошоци за приклучување.

Групацијата, струјата ќе ја нуди на слободниот пазар, а цената на топлинската енергија ќе ја одредува Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ).

Се работи за когенеративни централи со 500 MW инсталиран капацитет кои произведуваат 4,1 TWh електрична енергија и 720 GWh топлинска енергија на годишно ниво

Разговорите за оваа инвестиција продолжуваат, а Мицкоски посочи дека се разгледува можноста истата целосно да ја спроведе турската групација, или државата да влезе во јавно приватно партнерство.

Целата планирана инвестиција е речиси една милијарда евра.

Која е групацијата „Казанчи холдинг“

Групацијата „Казанчи холдинг“ работи преку своите енергетски компании што работат под брендот „Акса“.

„Акса Енерџи“ е водечка турска компанија во енергетскиот сектор и клучен глобален инвеститор во одржлива енергија.

Компанијата располага со инсталиран капацитет од над 3.500 MW во осум земји. Мнозинскиот сопственик на „Акса Енерџи“, групацијата „Казанчи Холдинг“ пак работи во 24 земји на четири континенти и има повеќе од 10.000 вработени.

„Казанчи холдинг“ е основана е во 1950-тите, и е една од најголемите енергетски групации во Турција.

Покрај енергетскиот сектор, компаниите од групацијата, работат и во областите на земјоделството и туризмот.

„Акса Енерџи“, произведува електрична енергија со повеќе од 2.700 MW инсталирана моќност низ целиот свет и има инвестиции во електрани во Турција, Северен Кипар, Гана, Мали, Мадагаскар, Конго, Узбекистан и Казахстан. Врши продажба во 178 земји.

Џемил Казанчи меѓу најбогатите во Турција

Магазинот Форбс лани Шабан Џемил Казанчи го рангираше на второто место на листата најбогати во Турција, и неговото богатство го процени на 3,2 милијарди долари.

Казанчи ја започнал својата кариера раководејќи со семејниот бизнис во производството на генератори.

Тој одиграл клучна улога во основањето на „Акса Енерџи“ во 1997 година, која стана еден од најголемите производители на енергија во Турција.

Фото: Влада/Казанчи холдинг

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Наш мајчин и татков јазик е македонскиот и ние нема потреба никому да докажуваме дека сме Македонци, велат од Друштвото на писатели на Македонија

Редакција

Од Ковид-19 починале 7 лица, сите со коморбидитети

Редакција

Недозволиво е европски земји како Грција и Унгарија да не помогнат во екстрадиција на Груевски и поранешните разузнавачи, вели министерот Лога

Редакција