еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Кој е Раде Трајковски Штекли, кој преживеа трет обид за ликвидација

Скопјанецот Раде Трајковски Штекли (40) вчера преживеа трет обид за негова ликвидација и повторно е топ тема во јавноста и медиумите.

Во дворот на семејната куќа во скопска Ќерамидница беше активирана бомба, од која беше повреден и пренесен во болница и помина без сериозни повреди.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нов напад на Раде Трајковски – Штекли, му експлодирала бомба пред куќа

Претходно, лани, за краток период двапати беше нападнат во молот Ист Гејт во Скопје, а по вториот напад исто така заврши во болница.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За третиот напад на Раде Трајковски Штекли пишуваат и српските и хрватските медиуми

Овој и претходните напади беа сметани за предупредување од криминалните кругови, посебно од новокомпонираната група „Барон“, со која во последно време се поврзуваат нови структури во скопското подземје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вознемирувачко видео од нападот на Раде Трајковски Штекли во Ист Гејт

Кој е Раде Трајковски Штекли

Тој неофицијално се поврзуваше со истрагата за убиството на младиот фудбалер Мартин Јанушев, по што за него беше распишана и меѓународна потерница.

Беше екстрадиран по апсење во Србија во 2021 година и одлежа шест-месечна затворска казна во затворот Скопје, познат како Шутка, за друго дело.

По првичните сомнежи, во истрагата за убиството на Јанушев, не беа најдени докази за Трајковски и тој не беше обвинет.

Штекли беше уапсен и во Атина, Грција, во 2011 година како осомничен во Италија за местење на фудбалски натпревари. Тогаш беше екстрадиран во Италија каде имаше и судење за големиот случај со наместени натпревари во италијанскиот фудбал.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој стои зад нападот на Раде Трајковски Штекли?

Не се откри кој пукаше во него 

Во август лани Штекли беше нападнат од две маскирани лица, на паркингот во Ист Гејт. Тогаш најверојатно го спаси блендираниот автомобил во кој се возел.

Возило во кое беа маскираните лица подоцна беше пронајдено запалено кај езерото Треска, скопско.

По два месеци исто така во Ист Гејт повторно беше пукано во него.

Се претпоставува дека и двата напади се поврзани со криминална пресметка, а многу индиции водат дека зад истите стои новата криминална група „Барон“ и прегрупирања во подземјето.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Нападот на Раде Трајковски Штекли бил најавен на ТикТок

Криминалци најавуваат ликвидации на Тик Ток, прво за Оки, сега за Раде Трајковски – Штекли

(Фото) Штекли се пофали со раните од куршумите, ги има дури пет

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пратеникот на Движењето Беса, Бастри Бајрами од денеска ќе дејствува како независен

Редакција

На Фејсбук се огласи сопственикот на “Беса транс“: Овие тестови се од Алах

Редакција

Стопанска банка Битола добила известување од Комерцијална за преземање на сите обични акции

Редакција